Што е Депресија?

“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
Илустрација на маж со наведната глава што ја покрива со рака, симболизирајќи депресија, со прикажан мозок во позадина – визуелна метафора за менталната состојба.

Депресијата не е само емоционална состојба или “лош ден”. Таа е сериозно психофизичко нарушување што ги влијае размислувањето, расположението, сонот и до некаде долгорочно го менува мозочното функционирање. Во овој текст ќе обошириме што точно се случува во мозокот кај луѓе со депресија, кои се промените во телото, и зошто е важно да се разбере депресијата како реално здравствено состојба.

Хемија на мозокот: клучни невротрансмитери

Кога се случува депресија, најчесто се намалува нивото на одредени невротрансмитери:

  • Серотонин: одговорен за расположението и сонот. Ниското ниво потикнува тага, невоздржливост, и нарушен сон.
  • Допамин: важен за осеќање на задоволство, награда, и мотивација.
  • Норадреналин: се поврзува со енергијата и вниманието.

Дефицитот на овие мозочни “пораки” го прекинува нормалното функционирање на расположението, што води до симптоми на тага, губење интерес, изолација и немотивираност.

Структурни промени во мозокот

Долготрајна или тешка депресија води до промени во структурата на одредени региони во мозокот:

  • Хипокампус: се намалува на големина, што води до нарушена меморија и емоционална нестабилност.
  • Префронтален кортекс: намалувана активност што води до потешкотии во донесување одлуки и контрола на емоции.
  • Амигдала: хиперактивност кај особи со депресија, што ги интензивицира стравот и тревожноста.

Физиолошки процеси и телесни промени

  • Повисок кортизол: кроничен стрес води до неравнотежа на хормони и намалувана имуна заштита.
  • Нарушен сон: или премногу или премалку спиење – без чувство на одмор.
  • Замор: дури и по одмор, телото останува без енергија.
  • Променлив апетит: некои лица јадат многу, некои изгубуваат интерес за храна.
  • Физичка болка: чести главоболки, болки во стомак, мускули, без очигледна медицинска причина.

Хормонални и имунолошки нарушувања

  • Нарушена HPA-оска (хипоталамус-хипофиза-надбубрежна жлезда): оваа оска регулира одговор на стрес. Кај депресија, таа станува прекумерно активна, што доведува до постојано високи нивоа на кортизол.
  • Намален имунитет: зголемен ризик од инфекции, воспаленија и хронични болести.

Заклучок

Депресијата не е само „лошо расположение“, туку вистинска биолошка состојба која го менува начинот на кој функционира мозокот и телото. Таа влијае на хемијата, структурата и хормоналната рамнотежа. Разбирањето на овие процеси е прв чекор кон прифаќање, поддршка и успешно лекување.

Луѓето со депресија не се „слаби“ – нивниот мозок и тело се буквално во состојба на борба. Со соодветен третман, терапија, поддршка и грижа, можно е заздравување и враќање на нормален, квалитетен живот.

Picture of BioMentor®

BioMentor®

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit