“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
ДХЕА (дехидроепиандростерон) - Што е тоа и какво дејство има?

ДХЕА или Dehydroepiandrosteron (DHEA) е стероиден хормон кој се продуцира во јајниците кај жените и во адреналната (надбубрежната) жлезда кај мажите. Се вели “стероиден хормон“ бидејќи истиот по молекуларна структура е стероид, а делува како хормон. Секој стероид се добива од холестерол (cholesterol), па така и овој. Повеќе холестерол, повеќе стероидни хормони во организмот. Но зошто понекогаш е потребно дополнително земање на ДХЕА како суплемент произведен во лабараторија?

ДХЕА (дехидроепиандростерон) е слабо-потентен андроген хормон во однос на активирањето на андрогените рецептори. Но всушност неговата основна цел е да биде истиот конвертиран во машки полов хормон – андроген (од кои најпотентни се: testosterone, dihydrotestosterone, androstenedione) и женски полов хормон – естроген (од кои најпотентни се: estradiol, estriol, estrone). Затоа може да се заклучи дека колку е поголема количината на DHEA стероидните хормони во организмот, толку повеќе се зголемува продукцијата на половите (секс) хормони.

ДХЕА како суплемент се прави во лабараторија од соедининието “diosgenin“ – steroid sapogenin, кој пак се добива од растението wild yam (див копир). ДХЕА суплементот се користи за да се зголеми нивото на андрогените и естрогените хормони во организмот, па токму и затоа истите се наменети за особи со опаднато ниво на секс хормони, а тоа најчесто се лица над 30-35 години. Имајќи предвид дека секс хормоните се дел од подмладувачкиот фактор кај човекот, многу честа е употребата на овој суплемент како помагало за подмладување и кај мажите и кај жените.

Она што е доста корисно и атрактивно кај ДХЕА суплементот е неговата способност да ги зголеми шансите за плодност кај жените, односно да ги зголеми шансите за забременување. Особено во денешно време доста често се користи кај жените кои имаат јајце клетки со намален потенцијал на оплодување. Шансите за оплодување се зголмуваат индиректно преку покачувањето на андрогените хормони кои директно се врзуваат за соодветните андрогени рецептори во јајниците. На овој начин андрогените рецептори се активираат соодветно со што се подобрува/развива зрелоста на јајце клетката. Но и исто така откако ќе се оплоди јајце клетката, задоволителната или поголемата количина на андрогените хормони овозможува стабилен и здрав развој ембрион со кои се намалуваат шансите од спонтан абортус (miscarriage). Исто така, со поголема количина на DHEA стероидни хормони кај жените се зголемува и желбата за секс со олеснат и поредовен оргазам, кои пак се резултат од зголеменото ниво на естрогени. Овие придобивки можат индиректно да влијаат позитивно за забременување на жената. Како и кај жените, ДХЕА суплементот исто така може да влијае позитивно за подобрување на плодноста кај мажите и тоа индиректно преку зголемувањето на тестостеронот кој влијае директно на зголемена желба за секс, подобрена потенција и ерекција.

Во денешно време, употреба на ДХЕА како додаток во исхраната се јавува и кај помладите, а тоа најчесто се спортистите кои секогаш настојуваат да ги подобрат нивните психофизички перформанси за достигнување на што подобри спортски резултати. Најмногу се користи во бодибилдингот и фитнесот, каде со негова употреба спортистите добиваат поголемо ниво на тестостерон, при што се овоможува поефикасно зголемување на мускулната маса. Но исто така покрај тестостеронот се покачува и нивото на естроген, кој пак не е пожелен за чистиот мускулен изглед, бидејќи жескиот полов хормон (естрогенот) придонесува за поголема задршка на вода во крвта, како и за зголемена тенденција на складирање на мастите во поткожните масни клетки (сало). Други несакани ефекти кои можат да се јават со несоодветно/нестручно конзумирање се: гинекомастија (зголемување на градите кај машките) и хипертензија (покачен крвен притисок).

DHEA суплементот најмогу се препорачува за оние спортисти кои сакаат да ја зголемат нивната телесна маса и големина. Но исто така се постигнува и зголемување на чиста мускулна маса доколку ДХЕА (дехидроепиандростерон) суплементот се дозира соодветно и комбинира соодветно со одредени суплементи и добро избалансиран тренинг, исхрана и одмор! Како и да е, пред земање на ваков суплемент препорачливо е консултирање со веќе докажано стручно лице или доктор!

InsightFoundry

InsightFoundry

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit

X