Каде ви се наоѓа продавницата?

За сега Биотика функцонира како online продавница која се наоѓа на нашата веб адреса: biotika.mk/shop.

За колку време ќе ми бидат доставени прозиводите?

Во зависност од дестинацијата до каде се испорачува пакетот, доставата може да потрае од 1 до 3 дена. Доколку примачот на пакетот не го добие пакетот во овој временски интервал, потребно е истиот да не извести за задоцнетата пратка.

Дали доставата на производите е непосредно до мојот дом (до врата) или потребно е јас да ги подигнам производите од некаде?

Кога нарачувате вие избирате дали доставата ќе биде извршена до вашиот дом или пак вие самите ќе требе да си го подигните од просториите на транспорт компаниите. Доставта до врата се наплаќа околу 50 ден поскапо.

Што ако не сум дома во моментот на пристигнување на пратката и што ако не ме извести транспорт компанијата дека пратката е пристигната?

Доколку не сте дома во моментот на пристигнување на пратката транспорт компанијата е должна да ве информира дека има пристигнато пратка за вас за која што ќе требе да се договорите кога да ви ја достават или пак сами да си ја подигните пратката од просториите на транспорт компанијата. Доколку не ве извести транспорт компанијата дека пратката е пристигната во рок од 3 дена од нарачувањето, потребно е да не исконтактирате нас.

Колку чини доставата (транспортот) на производите?

Во зависност од големината на пратката, дестинацијата на испорака и начинот на испорака, доставата може да кошта од 50 ден до 200 ден.

Дали суплементацијата е безбедна за користење и како може да ми помогне?

Се разбира дека е безбедна, бидејќи суплементите се дел од нашата исхрана. Ова важи доколку изборот и дозирањето на суплементацијата е во одредени граници.  Тие содржат нутриенти кои се содржат во храната. Секој суплемент содржи различни нутриенти/интигренти и секој од нив е оптимизиран за различни психофизички ефекти, односно физиолошки промени. Овие ефекти ни носат нас поефикасен режим на исхрана и поефикасен тренинг, а со тоа добиваме и поубедливи резултати.

За кои возрасти се препорачува користење на суплеменација?

Во зависност од тоа за каков тип на суплемент се работи, не се препорачува конзумирање на одредени суплементи за лица под 24 год, под 18 год и под 16 год. Дали вашиот избор на суплементи не се препорачува, ќе дознаете преку контактирање со наше стручно лице.

Како ќе го конзумирам овој суплемент, односно: “Како да го пијам?“, “Како се пие?“…

Со секој купен суплемент (или суплементи) добивате соодветно упатсво за начинот на употреба на истиот. Овој начин на употреба го составува наше стручно лице кој ќе биде ссодветно прилагоден за вас. Упатсвото на употреба го добивате после подигање на суплементот/тите преку електронска достава во PDF формат или хартиена форма спакуван заедно со суплементот. Ваквото “прилагодено упатсво“ на користење е особено од голема важност за вашиот напредок кога се работи за комбирање на 2 или повеќе производи.

Колку време ќе го ористам овој производ, односно: “За колку време е?“

Времетраењето на користењето на суплемнтите зависи од вашата цел, вашите фитнес карактеристики, вашиот влог на средства, животни услови, … Времето на користење се утврдува преку разговор со наше стручно лице. Препорачливи и најчесто применувани времески интервали на користење се 4 недели (1 месец), 6 недели (месец и половина), 8 недели (2 месеца) и 12 недели (3 месеца).

За колку време ќе забележам некаков резултат и колку ќе постигнам?

Солидниот резултат зависи од тоа кон што целите, тренингот, исхраната и генетиката. Но позитивна промена на вашиот телесен изглед (фитнес) и здравје би можела да се забележи и од третата недела на коистење.