Шеќерна болест или Дијабетес – Што е тоа?

“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
Шеќерна болест или Дијабетес (Хипергликемија) - Што е тоа?

Една од честите болести со кои се соочува човештвото е шеќерната болест или дијабетес. Дијабетесот претставува трајно зголемување на нивото (концентрацијата) на шеќерот во крвта т.н. состојба на хипергликемија. Постојат два типа на дијабетес: дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2.

Регулацијата за сведување на шеќерот во крвта од зголемено ниво до нормално ниво се извршува преку хормонот инсулин. Регулацијата се врши на тој начин што при состојба на зголемено ниво на шеќер во крвта (хипергликемија) инсулинот дава импулс (наредба) до соодветните инсулин рецептори (приемници) на клетките, при што истите соодветно се активираат. Откако овие рецептори ќе се активираат, истите преку сложени биохемиски процеси овозможуваат транспортирање (навлевање) на глукозата (шеќерот) во клетките. Потоа истиот се трансформира и складира во форма на резервен шеќер т.е. гликоген каде во зависност од потребата, истиот повторно се трансформира (разградува) во форма на глукоза и како таков се троши за добивање на енергија (аденозинтрифосфат). Доколку пак складиштата со гликоген се 100% исполнети, тогаш инсулинот заедно со други хормони дава импулс (наредба) за транспортирање на глукозата во масните клетки (мастоцитите) каде со помош на одредени ензими се конвертираат во масти (триглицериди).

Ако инсулинот се лачи (создава) во помали количини од задоволителните, тогаш станува збор за дијабетес тип 1. Ако пак клетките, односно инсулин рецепторите не реагираат –  “одговараат“ на наредбите на инсулинот, тогаш станува збор за отпорност од инсулин или дијабетес тип 2.

Дијабетесот доведува до разни кардиоваскуларни болести (особено нарушување на структурата и функцијата на крвните садови), гангрена, инфаркт, мозочен удар, хронично заболување на бубрезите, нарушување на видот, итн. Причините за појава на шеќерна болест може да биде генетско пореметување, постојано конзумиеање на оброци со висока количина на шеќер, постојано внесување на модифицирани заситени масти (транс масти) преку исхраната и постојано отстапување од нормалната/хомоестазната “крвна слика“.

Шеќераш или дијабетичар се нарекува онаа особа која поседува дијабетес тип 1 или дијабетес тип 2, како и комбинација од двата типа. За да го одржат нивото на шеќерот во крвта во нормала, дијабетичарите мораат постојано да инјектираат синтетички инсулин и да применуваат соодветна ниско калорична (јагленохидратна) диета. Во некои случаи пак, каде пациентите не се толку загрозени, лекувањето (одржавањето на нивото на шеќер во нормала) го прават само со соодветна диета.

Поради овие превентивни мерки на секој дијабетичар му е оттежнат животот. Затоа доколку не сте родени со некое генетско пореметување, бесмислено е да ја предизвикаш болеста од погоре-напоменатите причини! Доколку не сте добро запознаети со причините и ризик факторите кои доведуваат до појава на дијабетес, препорачливо е консултирање со стручно лице или доктор! Не чекајте 5 до 12!

InsightFoundry

InsightFoundry

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit

X