Што е Тумор, а што е Рак?

“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates

Скоро секој од нас има по некој пријател, односно роднина/родител кој починал од рак. Ракот е скоро неизлечлива болест, која малкумина ја преживуваат. Секако дека постојат и други опасни болести, но оваа е најчестата од поопасните. Затоа истата е и најчеста причината за прерана смрт на човекот. Но што всушност е ракот и како оваа болест го обива човекот?

Ракот (cancer) претставува неконтролирано (абнормално) растење и разможување на нездрави клетки во човечкиот организам, при што доаѓа до оштетување на здравите клетки во истиот. Масите, односно израстоците (“грутките“) кои се формираат при ваквото неконтролирано размножување на нездрави клетки се нарекуваат тумори. Појавата пак на било какво абнормалното растење на ткиво во некој дел од човечкиот организам, при кое може да се формира маса – израсток (која најчесто се однесува на тумор), се нарекува неоплазма (neoplasm). Постојат два типа на тумори, и тоа:

  • Бениген тумор (benign tumor) – тумор кој не метастазира;
  • Малиген тумор (malignant tumor), тумор кој метастазира – рак.

Бениген тумор се јавува како резултат на неконтролирано размножување на нездрави клетки во некој дел од човечкото тело, при што се формира “грутка“ – израсток, оклопен со т.н. капсула. Оваа капсула е всушност сврзно ткиво кое ги држи нездравите клетки збиени и соединети како една целина – маса која се нарекува тумор. Бенигниот тумор се разликува од малигниот тумор (ракот) по тоа што нема способност да се шири (метастазира) во други делови од телото. Овој тип на тумор не е смртоносно опасен, но сепак може да предизвика одредени оштетувања. Колку понавремено се открие појавата на овој тип на тумор и колку понавремено се отстрани од човечкиот организам, толку помала ќе биде штетата. Бенигниот тумор во зависност од неговата достигната големина и неговата местоположба на развој, може да прави одреден притисок врз околните/соседните здрави ткива и клетки, а со тоа и директно да ги оштети истите. Притисокот од овие израстоци (тумори) можат да предизвикаат и прекин (делумен или целосен) на протокот на крв на некој крвен сад , или пак да оштетат некој нерв. Исто така може да предизвика делумно или целосно затварање на одредени канали во човечкиот организмот како што се лимфните, дигестивните, дишните, мочните итн. Сите овие несакани последици од бенигниот тумор можат да се сведат на минимум со навремено откривање на истиот и воедно негово отстранување со операциски зафат (оперирање).

Малиген тумор е тумор кој има способност да се шири, односно пренесува од почетното (примарното) место кон друи подалечни (секундарни) места во организмот. Ваквата способност на проширување (размножување) на туморот се нарекува метастазирање (metastasis) или малигна неоплазма (malignant neoplasm), а новоформираните секундарни малигни тумори се нарекуваат метастази на примарниот малиген тумор. Клетките од секундарните малигни тумори се исти како и на оние на примарниот малиген тумор бидејќи имаат иста ДНК. Всушност малигниот тумор како болест се нарекува рак (cancer), но и исто така за малигниот тумор се вели дека е канцероген тумор, одоносно  метастазичен тумор.

Кои се причините за појава на ракот? Постојат повеќе ризик фактори кои ја предизвикуваат оваа болест, и тоа:

  • Редовно пушење цигари и редовна изложеност на чад од истите;
  • Прекумерното конзумирање на алкохол;
  • Присуство во животна средина каде воздухот има висока загаденост;
  • Изложеност на ултравиолетово зрачење од сонцето;
  • Изложеност на радиоактивно зрачење од X-извори;
  • Изложеност на разновидни електромагнетни полиња од X-извори;
  • Дебелината;
  • Редовно конзумирање на преработена храна;
  • Недоволно внесување на зеленчук и овошје;
  • Недоволна ааеробна (кардиоваскуларна) физичка активност;
  • Често доживување на стресови;
  • Долготрајно користење на вештачки хормони како што се стероидите и пептидите;
  • Долготрајно користење на разновидни синтетички дроги;
  • Генетски (вродени) фактори.

Но како овие фактори придонесуваат за појавата на ракот, односно туморот во нашиот организам? Всушност појавата на тумор лежи во модификацијата на гените на ДНК. Модификацијата на ДНК со горенаведените ризик фактори се остварува или директно со електромагнетен бран/поле или индиректно со создавање на оксидативен стрес во клетките.

Електромагнетниот бран делува на тој начин што дејствува директно на молекулите, односно атомите од гените на ДНК-та, при што се врши јонизирање на истите преку ослободување или поместување на електроните од орбитите на атомите. Соодветно со ваквото јонизирање на атомите, хемиските врски од молекулите лесно се прекинуваат, а со тоа се остварува комплетна промена (модификација) на молекуларната структура на гените од ДНК-та.

Ризик факторите кои предизвикуваат појава на оксидативниот стрес се почести причина за појавата на ракот како болест, токму затоа и оксидативниот стрес подлежи на почести научни истражувања кои целат кон пронаѓање на лек од оваа честа неизлечлива болест. Оксидативниот стрес претставува неурамнотеженост помеѓу создавањето на слободните радикали (оксидантите) и способноста да се отсранат (детоксифицират) нивните штетни ефекти преку неутрализација со антиоксиданти. Слободните радикали (free radicals) се атоми, молекули или јони кои имаат неспарен валентен електрон. Слободниот радикал е високо реактивен, односно лесно може да украде (привлече) електрон од друг радикал со цел да се неутрализира истиот. Радикалот пак на кој му е украден електронот станува слободен радикал. Понатаму може да настане низа од реакции исто како домино. Слободните радикали се формираат во органзимот кога кослородот хемиски реагира, односно е во интеракција со одредени  молекули. Во зависност од тоа коклку долго трае оксидативниот стрес во клетката и колкава е концентрацијата на слободните радкали, се зголемува веројатноста за делување на слободните радикали врз гените од ДНК-та, осносно модификација на истите.

Не постои организам во кој што не настанува модификација на ДНК, бидејќи тоа е природна појава на грешки во работата на метаболзимот и лошото влијание од животната средина. Но за тоа пак постои имунулошкиот систем кој ги “маркира“ дефектите, односно клетките кои се несоодветно (ненормално) формирани и истите ги убива (отстранува) од човечкот организам. За да се развие тумор, особено малиген тумор (рак) е мала веројатноста, но колку поагресивно се присутни горенаведените ризик фактори, толку повеќе се зголемува веројатноста за формирање на ракот како болест во нашиот организам. За да се оформи бенигна тумор клетка потребна е соодветна модификација на гените кои сумарно ќе придонесат за побрзо растење и размножување на клетките во несозреана/нездрава фаза. Додека за да се развие малигна тумор (канцерогена) клетка покрај овие две карактеристики потрено е и развивање на способността за нивно одвојување/откинување од ткивото на примарниот тумор. Со ваквото одвојување на канцерогената клетка од примарниот тумор, лесно може да се најде во лимфниот или крвниот циркулационен систем, каде преку нив  може да стигне и до поодалечни делови од човечкиот организам. Постојат и такви канцерогени клетки кои при патувањето низ циркулационите системи оформуваат еден вид заштитен слој од посебни протеини кои ќе ги штити од нападот на имунолошкиот систем, со цел да преживеат, пристигнат и успешно развијат на други делови од органзмот. Секундарните тумори кои успошно ќе бидат формирани на подалечните места од примарниот тумор се нарекуваат метастази на примарниот малиген тумор, а самиот процес на размножување и напаѓање на други места се нарекува метастазирање. Најчести дестинации за формирање на метастазите се белите дробови, црниот дроб и коските.

Заради интензивното растење и размножување на тумор клетките, истите подлежат на висока нутритивна потрошувачка. Ова значи дека тие работат со многу повисока моќност од здравите (нормалните) клетки, односно примаат и ослободуваат повеќе енергија во единица време за разлика од нормалните клетки. За да преживеат тумор клетките потребна им е голема количина на нутриенти (јагленохидрати, аминокиселини, масни киселини, витамини…) и заради тоа тие ја крадат/пренасочуваат храната (нутриентите) предвидена за нормалните клетки. Но ова пренасочување на храната се прави во периодот кога туморот е веќе доволно развиен, бидејќи во почетниот период на развој истиот се храни од фибробластите од сврзното ткиво (клетки кои се дел од сврзното ткиво и во кои се создава меѓуклеточната матрица и колагенот). Ова го прави со испраќање/емитирање на посебни хемикалии (пакет честички) кои предизвикуваат катаболизирање (разложување) на протеините од фибробластите, како и останатите  елементи од клетките. Додека се остварува катаболизацијата, истовремено се градат капилари од туморот кон фибробластите. Преку овие капилари (мали крвни садеви) се носат катаболизираните нутриенти од фибробалстите до тумор клетките. На овој начин тумор клетките кои се во почетната фаза на развој, ги задоволуваат нивните потреби за нутриенти за нивен понатамошен развој, бидејќи во спротивно истите би биле ослабнати и воедно отстранети од организмот со помош на одредени клетките (леукоцитите) од имунолошкиот систем.

Понатаму, како што рековме претходно откако туморот доволно ќе се развие, истиот им ги одзема (кради) дел од нутриентите кои се наменети за здравите клетки. Тоа го прави со создавање на голем број на капилари приклучени кон артериите, со тоа што дел од протокот на крвта кој е упатен кон здравите ткива се упатува кон туморот и така дотокот на крв кон здравите клетки се намалува, а со тоа и истите ослабнуваат. Токму затоа и луѓето кои поседуваат развиен тумор (особено малиген тумор), незапирливо губат телесна тежина (слабеат) без разлика колку тие внесуваат храна. Со други зборови може со сигурност да се каже дека: “туморот не јаде нас живи“ се додека истиот не се отстрани! Доколку се работи за малиген тумор (рак), истиот никогаш не може да се отстрани (освен во прераната фаза на развој што е многу редок случај бидејќи ракот се развива доста “тивко“) бидејќи со неговото откривање тој веќе се има метастазирано (раширено) на други места од организмот и затоа со сигурност може да кажеме дека: “ракот не јаде нас живи до смрт“.

Ракот се именува според неговото место на зачеток (жариште). Ова значи дека, доколку жариштето на ракот се наоѓа во белите дробови истиот се нарекува рак на белите дробови или пак ако почетокот на развој на ракот е во панкреасот тогаш се работи за рак на панкреасот. Соодветно на ова постојат и рак на дојката, рак на матката, рак на мозокот, рак на коските, рак на дебелото црево, рак на кожата, итн. Но вистинсакта поделба (класификација) на ракот во медицината е направена според типот на клетките во кој истиот започнува да се развива. Има 5 категории и тоа:

  • Карцином (carcinoma) – Најчест тип на рак кој се создава во епителните клетки (епителиумот), а истите ги има во кожата или пак во ткивата со кој се обвиени внатрешните органи во нивната надворешност или внатрешност. Овде спаѓаат ракот на кожата, белите дробови, дојката, дебелото црево, панкреасот, матката, простата, бубрезите, црниот дроб…
  • Сарком (sarcoma) – Рак кој започнува да се развива во сврзното (потпорното) ткиво како што е коската, ‘рскавицата, мастите, мускулот, крвните садови,…
  • Леукемија (leukemia) – Рак кој започнува да се развива во ткивата од коскената срж во кои се формираат крвните клетки. Најчесто канцерогена коскена срж продуцира и ослободува во крвта огромен број на незрели/абнорнални леукоцити (бели крвни клетки), заради кое и типот на ракот е наречен леукемија.
  • Лимфом (lymphoma) и Миелом (myeloma) – Рак кој започнува да се развива во клетките од имунолошкиот систем, обично во лимфните јазли (лимфом) од лимфниот систем и во плазма B-клетките создадени од коскената срж кои припаѓаат на крвта (миелом).
  • Рак на мозокот (CNS cancer) – Рак кој започнува да се развива во нервните ткива од централниот нервен систем (черепниот и ‘рбетниот мозок).

Како може да се лекува ракот? Денес постојат повеќе методи за лекувањето на ракот како што се:

  • операција
  • терапија со зрачење
  • хемотерапија
  • имунотерапија
  • хормонска терапија
  • таргет терапија
  • прецизна медицина за третман на ракот
  • трансплатација на матични клетки
  • третман со конзумирање на одредени билки и билни производи
  • третман со примена на одредени диети
  • третман со соодветна физичка активност

Кој од горе-наведените третмани ќе бидат применети зависи од типот на ракот, неговата фаза на развој и имунолошката состојба на пациентот, но како и да е најприменуваните третмани за лекување на ракот се операцијата, зрачењето и хемотерапијата. Со операцискиот зафат дирекно се отстранува туморот. Недостаток на оваа терапија е во тоа што покрај тумор масата се отсекува/отстранува и дел од здравите ткива. Во зависност од тоа, колку и каде е туморот развиен во човечкиот организмот, можат да бидат отсечени/отстранети битни функционални ткива па и до цели органи. Терапијата со зрачење е всушност насочено електромагнетно зрачење кон делот каде е лоциран туморот. Овие електромагнетни зраци се со доволно висока фреквенција за да бидат во состојба да ги ослабат или целосно оштетат тумор клетките преку оштетување на нивната ДНК. Но исто како и операцијата, покрај канцерогените клетки се оштетуваат и здравите клетки. Оваа терапија обично се користи во комбинација со хемотерапијата и тоа, пред или за време на операција со цел да го намали/ослабне туморот, или пак после операција да ги уништи канцерогените клетки кои останале. Хемотерапијата е третман со внесување посебен вид на дрога во органзимот која делува специфично на уништување на оние клетки кои многу брзо растат и воедно размножуваат. На овој начин оваа дрога лесно ги препознава канцерогените келтки со што развојот на туморот се забавува или запира. Но покрај канцерогените клетки кои растат многу брзо, во човечкиот органзиам постојат и други клетки кои исто така се размножуваат и растат брзо, па соодветно на тоа и нивниот развој исто така ќе запре или ослаби. Оваа терапија се користи најчесто во комбинација со зрачењето при што ваквиот третман се нарекува радио-хемотерапија. Радио-хемотерапијата се користи пред и после операција, особено после терапија со цел да спречи повторно да се појави ракот.

Но овде се поставува прашањето: “Колку овие третмани можат да помогнат во борбата против ракот како болест и дали воопшто може да лечи оваа болест?“ За жал со овие третмани само го продолжуваме животниот век доколку се работи за малиген тумор, односно рак. Зошто е тоа така? Не дека секогаш нема спас од туморот кој метастазира (ракот), но реално само во раната фаза на развој на малиген тумор истиот може да биде спречен од негов понатамошен развој со погоренаведените методи. Во почетната фаза на развој на малигниот тумор ние не чувствуваме никакви симптоми на непријатност на работата на нашиот организам. Но и кога ќе почувствуваме потребно е повеќе време за да се дојде до непожелната дијагноза за ракот. Кога се осеќаат некакви симптоми на непријатност во нашиот организам, малигниот тумор е веќе доволно созреан, а тоа значи дека тој веќе се има метастазирано (насадено/рашиено) во други делови од организмот. И при секоја откриена канцерогена маса (малиген тумор) таа веќе има откинато/испратено клетки кои ќе најдат соодветен и поволен дел во кој ќе се развијат во тумор. И така овој процес на метастазирање продолжува прогресивно да се шири по целото тело. Исто така во голем дел од случаите прво што се открива е негова метастаза (секундарен тумор).

Доколку се наиде на било какво задоцнето откривања на ракот, со помош на третманите кои ги напоменавме, можно е само да го продолжиме нашиот животен век за неколку месеци или години. Колку поинтензивно и поагресивно ги убиваме канцерогените клетки, толку повеќе ги убиваме и здравите клетки. Затоа при третманите против ракот се оди бавно со правење на доволни паузи со цел да се регенерираат повторно ткивата кои сме ги оштетиле претходно од самиот третман. Но со тоа пак, паралелно му даваме време и на канцерогените клетки да закрепнуваат/регенерираат, со што се вртиме во еден круг на заробеништво од овие модифицирани канцерогени клетки.

Многу ретки се случаите каде ракот се открива во неговата рана фаза, чие откривање најверојатно се случило од некаква си случајност. Единствено само во вакви случаи можеме да се спасиме од оваа болест со помош на горенаведените начини на лекување. И исто така како што напоменавме и погоре, туморот се лекува доколку не се работи за рак, односно доколку истиот е бениген тумор кој нема особина на метастазирање.

InsightFoundry

InsightFoundry

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit

X