Висок Крвен Притисок или Хипертензија

“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
Висок Крвен Притисок (Хипертензија) - Причини и последици?

Висок крвен притисок!? Што всушност е тоа? Како и зошто често се јавува кај луѓето?

Крвотокот или кардиоваскуларниот систем е затворен циркулационен систем кој се состои од срце, крвни садови и крв. Целта на овој циркулационен систем кај човекот и животните е одговорен да ги транспортира хранливите материи до клетките, а да ги одведи непотребните-добиени продукти (екскретите) од клетките. Срцето е моторот, односно пумпата која ја овозможува циркулацијата на крвта низ крвните садови. Крвниот притисок пак е притискот на крвта врз ѕидовите на крвните садови. Овој крвен притисок е резултат на две сили: едната е создадена од срцето кое пумпа крв низ крвотокот, а другата е силата на крвните садови (артериите) кои се спротиставуваат на крвотокот. За време на секое чукање на срцето, крвниот притисок се менува осцилаторно од максимален до минимален. Поимот крвен притисок се однесува на притисокот измерен на надлактот (на надлактната артерија) на човекот. Максималниот крвен притисок народски се нарекува “висок притисок“, додека минималниот “низок притисок“. Нормалниот висок крвен притисок кај човекот изнесува 120 mmHg (милиметри живин столб), а нискиот крвен притисок 80 mmHg и истиот се означува како 120/80 mmHg.

Доколку притисокот е постојано поголем од 140/90 mmHg се јавува состојба која се нарекува хипертензија или висок крвен притисок. Во овој случај поради зголемениот отпор на протокот на крв кој се јавува заради зголемениот крвен притисок, отежната е работата на срцето. Тогаш истото мора да работи понапорно за да го совлада отпорот и да го одржи протокот на крв со што ќе биде овозможен доток на крв до сите капилари, односно клетки. При ваква постојана отежната работа на срцето, велиме дека животниот век на истото се скратува! Но како всушност настанува тоа?

Високиот крвен притисок предизвикува појава на атеросклероза, односно стеснување и стврднување на артериите. Атеросклерозата (atherosclerosis) претставува изградба на т.н. “плаки или плакети” на внатрешните ѕидови на артериите како резултат на оштетување на ендотелните клетки. Плаките (plaques) всушност претставуваат масни талози на внатрешните ѕидови на артериите, предизвикувајќи стврднување и стеснување на артериите. Овие масни талози – плакети се мешавини од холестерол, калциум, клеточен отпаден продукт, масти и фибрин – материјал за згрутчување на крвта. Крвниот притисок е најголем на самиот излез од срцето (аортата) па постепено вдолж артериите опаѓа. Бидејќи коронарните артерии кои ги снабдуваат клетките од срцето со доток на крв се приклучени на овој излез, шансите за појава на артеросклероза кај овие артерии се најголеми. Доколку дојде до стеснување на овие артерии може да дојде до блокирање на дотокот на крв, а со тоа и до изумирање на одреден дел од ткивата/клетките на срцето т.е. појава на инфаркт (срцев удар). Токму заради ваквата појава на атеросклероза кај коронарните артерии велиме дека при постојан висок притисок се намалува животниот век на срцето.

Но како што е можна појавата на атеросклероза кај коронарните артерии, така е можна и појава на атеросклероза на секаде вдолж артериите. Доколку атеросклерозата се формира на артериите кои доставуваат крв до мозокот тогаш станува збор за можна појава на мозочен удар, а доколку стеснувањето е настанато на периферните артерии станува збор за можна појава на гангрена. Бубрезите и очите, се исто така засегнати делови од организмот кои може лесно да бидат оштетени при хипертензија.

Хипертензијата всушност е резултат од зголемен волумен на крвта или стеснување на крвните садови, како и губење на нивната еластичност (стврднување). А причините за овие појави може да бидат од некои наследни заболувања, било какви, или пак од начинот на живеење. Значи се што треба да направиме за да ја избегниме хипертензијата како болест е да ја одржуваме “хомоестазата“ – постојаноста на нормалната состојбата на крвта во организмот, во што е можно по нормални концентрации на вода, хемоглобин, холестерол, триглицириди, минерални соли, шеќер,…Со секое зголемување на концентрацијата на било кое од наведените се зголемува волуменот на крвта, а со тоа и крвниот притисок. Затоа и неслучајно лицата со шеќерна болест (дијабетес), поради честото покачување на концентрацијата на шеќер во крвта, соодветно се изложени и на висок крвен притисок кој е “стимулатор на атеросклерозата“ како и на други кардио васкуларни заболувања.

Стресот, како и стимулансите на центраниот нервен систем (дрогите) кои имитираат стресна ситуација исто така го зголемуваат крвниот притисок. Затоа и лицата кои се почесто изложени на стресни ситуации имаат восока тенденција од појава на атеросклероза, а со тоа и појава на срцев удар, мозочен удар и гангрена. Истото важи и за лицата кои редовно конзимураат стимулатори на централниот нервен систем како што се цигарите, енргетските пијалоци, високи количини на кафе, термогеници (топачи на масти) и одредени рекреативни дроги (кокаин, метамфетамин, алкохол,…).

Важно нешто е и телесна тежина, која доколку е поголема од нормалната, автоматски добиваме и повисок крвен притисок, бидејќе тогаш е потребен поголем проток на крвта за да се овозможи доток на крв до сите клетки.

Луѓето кои имаат хипертензија, односно постојан висок крвен притисок од разни причини се осудени да конзумираат соодветни таблети за намалување на крвниот притисокот. Овие лекови го снижуваат притисокот на тој начин што го намалуваат волуменот (количината) на крв во организмот преку идитирање на бубрезите за момала задршка на натриум или вода во крвта. Но доколку овие лекови се конзумираат постојано, организмот ќе стане зависен од нив и пациентот ќе биде принуден да ги зима до крајот на животот.

Доколку не сте родени со некое генетско-кодирана работа на организмот со хомоестазно отстапување од нормалната состојба на крвта, бесмислено е да ја предизвикаш болеста од погоре-напоменатите причини! Ако не сте добро запознаети со причините и ризик факторите кои доведуваат до појава на хипертензија, препорачливо е консултирање со стручно лице или доктор, не чекајте 5 до 12!

InsightFoundry

InsightFoundry

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit

X