Pre-Workout Supplement

“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates

Овој тип на суплемент уште се нарекува и Nitric Oxidе Booster, Pre Workout стимуланс, Pre Workout напиток или пумпач. Pre Workout суплементот е креиран за спортисти кои имааат интензивни напорни тренинзи. Со негово конзумирање се подобруваат нивните физички и психолошки перформанси (карактеристики) со кои им се овозможува поефикасно тренирање. Особено се почесто и почесто се користи кај спортистите во бодибилдингот и фитнесот. Го користат заради големите придобивки како зголемување на силата и издржливоста, зголемување на будност (фокус) и концентрација (brain fullness), зголемена напумпаност и моќност на мускулите (muscle fullness). Но како овој суплемент го постигнува сето ова?

Pre Workout суплементот е составен од одредени органски и неоргански материи кои придонесуваат за горенаведените придобивки. Една од највжните придобивки е зголемената продукција и концентрација на гасот NO – Nitric Oxid (Азотен Оксид) во крвта. Токму и затоа овие суплементи уште се нарекуваат и како “Nitric Oxidе Boosters“ или “NO Boosters“.

Nitric Oxidе молекулите служат најмногу за да им сигнализираат на крвните садови да се дилатираат (прошират) преку зголемена релаксираност на ѕидовите на истите. Со ова се овозможува да крвта циркулира низ крвните садови со поголем проток. Па бидејќи имаме зголемен проток на крв во мозокот, како и зголемен доток на хранливи материи до мозокот, автоматски добиваме зголемена концентрација и фокус на мозокот. Исто така релаксирачкото проширување на крвните садови во мускулите ја подобрува снабдувачката на нутриентите, односно потребните органски и неоргански материи за подобрено функционирање на мускулните влакна (клетки). Со ова е овозможена зголемена напумпаност и моќност на мускулите. Токму затоа и спортистите овој суплемент го нарекуваат пумпач. Оваа појава (ефект) на проширување на крвните садови се нарекува  вазодилатација. Покрај вазодилатацијата, NO директно го подобрува транспортот на шеќерот (глукозата) во мусклните клетки, со што се овозможува беспрекорна достапност (присутност) на глукоза во мускулите.

Значи главната и основната цел на еден Pre Workout напиток е да ја зголеми концентрацијата на Азотен Оксид (Nitric Oxidе) во крвта. Но денес посојат разновидни пумпачи (pre workout формули) кои имаат разновидни ефекти. Ефекот од ваков сулемент нормално зависи од неговиот состав. Најчесто вметнуваните состојки во еден денешен pre-workout суплемент се: аргинин, кофеин, бета-аланин, креатин и тирозин.

Со аргининот (L-Arginine или AAKG) се стимулира зголемената напумпаност на мускулите, како и стимулирање на хормонот на раст. Кофеинот (Caffeine) го стимулира централниот нервен систем со што се овозможува зголемена будност и концентрација на мозокот, а со тоа и подобрена врска помеѓу мозокот и скелетните мускули. Исто така кофеинот ги стимулира адренергичните хормони, кој пак имаат термогенички ефект врз организмот. Бета аланинот (Beta-Alanine) го намалува заморот преку зголемување на pH вредноста во крвта. Со тирозинот (Tyrosine) пак се зголемува продукцијата на тироидните хормони во крвта со што се забрзува метаболизмот. Креатинот (creatine) директно му дава поголема моќност на мускулот.

Со текот на времето, развојот на Pre Workout суплементот оди во таква насока да стане “СЕ ВО ЕДНО“! Ова значи дека со козумирање на еден таков усовршен суплемент нема да има потреба од соодветно комбинирање на одредени органски и неоргански материи за да добиете некој “идеален ефект“. Овој суплемент ќе го содржи најоптималниот состав и количина на потребните органски и неоргански материи така што ќе се добиваат следните позитивни ефекти: зголемено согорување на мастите, зголемена моќност на мускулите, зголемен раст на мускулите, зголемена сила, зголемена издржливост, зголемена концентрација, зголемен фокус, зголемена брзина на движења, …

Во денешно време некои продукти се блиску до ова постигнување и се веќе достапни на пазарот, но само во одредени држави каде е дозволено нивно користење и истите се прогласени за легални. Во земјите каде овие производи се прогласени за нелегални, истите можат да се најдат на црниот пазар, каде се соочуваме со проблеми од типот “фалсификати“ – имитирани производи. Покрај тоа, поради неусовршеноста на Pre Workout формулите и несоодветните карактеристики/цели на корисникот, можно е да не се појават позитивни ефекти, туку напротив може да се појават негативни ефекти! Потребна е голема претпазливост при дозирањето на овој суплемент, особено заради можните високи количини на кофеин или било каков стимуланс на централниот нервен систем. Како и да е, за да не експериментирате со здравјето, изгледот и парите, при купување на било каков Pre Workout суплемент препорачливо е консултирање со веќе докажано стручно лице!

Picture of InsightFoundry

InsightFoundry

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit