“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
Креатин - Што е тоа и како може да влијае врз напредокот во спортот?

Креатин (Creatine) е азотно органско соединение (киселина) кое служи за задоволување на потребите за енергија на човекот, примарно кај скелетните мускули. Креатинот е неесенцијален нутриент кој најмногу го има во црвеното месо, рибата и јајцата, додека се синтетизира (создава) во човекот од аминокиселините Glycine, Arginine и Methionine. Биосинтезата се врши прво во бубрезите со комбинирање на Glycine и Arginine за да се добие соодветно соединение Guanidinoacetate, со чија помош се добива креатинот со понаташно комбинирање со Methionine во црниот дроб. Откако ќе се создаде ова соединение, преку крвните садови се транспортира до скелетните мускули и мозокот.

Во периоди кога мускулите одмараат се создава вишок на високоенергетското соединение АТФ (аденозинтрифосфат), при што се формира Cratine Phosphate (креатин фосфат) со додавање на една фосфатна група на креатинот од АТФ. Оваа реакција на фосфолиризација на креатинот се извршува во мускулните клетки со помош на ензимот Creatine Kinase. При анаеробни услови кога енергетското соединение АТФ повеќе се троши од колку што се добива, тогаш креатинот фосфат се користи за да го дополни со енергија делумно истрошениот АДФ (аденозиндифосфат), кој пак предходно од АТФ преминал во АДФ бидејќи едната фосфатна група ја потрошил за контракција на мускулното влакно. Со ова се овозможува побрзо и поинтензивно напојување (снабдување или доставување) на мускулното влакно со енергија за нивна контракција. Кога имаме моментален (брзо настанат) дефицит на енргија, креатинот фосфат станува креатин, додека АДФ станува АТФ. И обратно, кога имаме моменталено настанување на вишок на енергија т.е. секогаш кога мускулот одмара: креатинот станува креатин фосфат, додека АДФ станува АТФ.

Исто така, при зголемена количина на креатин се зголемува и количината на одпадниот продукт креатинин (creatinine). Ова соедининие се добива при распаѓањето на креатинот во присуство на вода (растворен во вода). Па бидејќи мускулните клетки (влакна) делумно се исполнети со вода (околу 70-80%), молекулата на креатин акумулирана во мускулното влакно по извесно време ќе се распадне, при што се добиват креатинин (распаднат продукт) и молекула на вода. Креатинот растворен во вода има период на полураспаѓање до 3 часа. Тоа значи дека бројот на молекулите на креатин ќе се намали на половина после 3 часа растворени во водата, акумулирана во клетката.

Од досега кажаното може да се заклучи дека потребно е дополнително внесување на креатинот како додаток во исхраната (суплемент) при поинтензивни тренинзи. Тука спаѓаат спринтерите, пливачите, борачите, бодибилдерите и сите оние кај кои трошењето на енергија се одвива со поголема моќност. Всушност со поголемо количество на креатин, акумулираме повеќе креатин фосфат кој токму тој е она “нитрото“ што ни дава поголема брзина на движење и повеќе сила т.е. зголемена моќност на мускулот!

Особено доста се препорачува конзумирање на креатин како додаток во исхраната (суплемент) кај лица кои сакаат да ја зголемат својата мускулна маса! Но како тоа влијае на зголемување на мускулната маса? Одговорот е воа што кога кога го покачуваме нивото на креатин во нас, автоматски добиваме поголема количина на креатин фосфат. Со тоа се овозможува да направиме тренинг со повисок интензитет (моќност), односно повеќе ги измачуваме мускулните влакна, при што настанува катаболизам (пукање, расцепување) на мускулните влакна. Во оваа ситуација добиваме две нецелосни мускулни влакна од едно целосно! Ако доволно ги нахраниме тие две мускулни влакна со потребните есенцијални и неесенцијални нутриенти, истите ќе се регенерираат и оформат целосно така што добиваме зголемување на мускулната маса! Од друга страна поради растворливоста на креатинот во водата, био-хемиските регулаторни механизми во организмот прават да пубрезите ја задржаваат водата во поголема количина за да се задоволи растворот. Затоа може да се каже дека креатинот ја привлекува водата! Со поголема количина на креатин во мускулите, поголема е содржината на водата! Со тоа се добива поголема маса, напумпаност и големина на мускулот!

Постојат повеќе форми на суплементација на креатин, но како најчесто употребуван од страна на спортистите е креатин монохидрат (creatine monohydrate).

Picture of InsightFoundry

InsightFoundry

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit