Amino Acid Complex

“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
Амино Киселини, односно Аминокиселински Комплекс - Што е тоа?

Аминокиселински комплекс (Amino Acid Complex) е всушност суплемент кој се состои од повеќе есенцијални и неесенцијални амино киселини потребни за нормален развој на еден организам. Затоа уште народски се нарекува: “Амино киселини“. Кај народот овој суплемент е познат како суплемент за дефиниција, па дури и како суплемент за слабеење и чистење од масните наслаги. Но всушност ова мислење за аминокиселинскиот комплекс е малку погрешно! Зошто!?

Амино киселните претставуваат основни хранливи материи за нормално функционирање на човечкиот организам. Тие се основни елементарни органски соедниненија од кои се изградени други посложени органски соединенија, кои пак се дел од сложениот и комплицираниот енергетски систем наречен “човек“.

Во бодибилдингот и фитнесот внесот на амино киселини е од голема важност, бидејќи од нив се изградува (синтетизира) најбитното органското соединение – протеинот, кој пак е потребен за изградба на мускулот. Протеините во изградбата на мускулите завземаат околу 20-30% од неговиот состав. Затоа за да се овозможи нормално функционирање на одредена мускулна маса потребно е задоволителна синтеза на протеини. Ако синтезата на протеини не биде доволна, доаѓа до катаболизирање (распад) на мускулот!

Една од причините за недоволна синтеза на протеини е недоволниот внес на амино киселини преку исхраната. Дел од амино киселините од кој се изградува протеинот се неопходни да се внесат преку исхраната и истите не се создаваат во организмот. Овие амино киселини се нарекуваат есенцијални амино киселини, додека неесенцијални амино киселини се нарекуваат оние кои се создаваат во организмот и дополнително се внесуваат преку исхраната. Амино киселините се внесуваат најмногу преку внесување на протеини од животинско и растително потекло, на тој начин што во дигестивниот тракт протеинот се разложува на неговите составни амино киселини.

Кај спортистите кои сакаат да одржаваат поголема мускулна маса од нормалната или да ја зголемуваат постоечката, потребно е да внесуваат дополнителна количина на амино киселини. Надополнувањето на внесот на амино киселините се остварува или преку конзумирање на протеински прашок (шејк) или преку конзумирање на соодветен аминокиселински комплекс. Протеините, внесени преку протеински шејк мора прво да се разложат во дигестивниот тракт на елементарни амино киселини, па потоа се апсорбираат во крвотокот. Амино киселините како суплемент, за разлика од протеинскиот шејк директно се апсорбираат во крвта, при што не губат време во дигестивниот тракт и побрзо се доставуваат до клетките каде се извршува синтезата на протеинот. Според тоа, аминокиселинскиот комплекс како додаток во исхраната најмногу се корисни во бодибилдинг и фитнес спортот при високи интензивни тренинзи со отпор, каде доаѓа до катаболизирање на мускулите. Со конзумирање на амино киселини во овј случај се спречува распадот на мускулот бидејќи истите брзо се транспортираат до мускулите, со што пак се овозможува задоволително производство (синтеза) на протеини. Исто така, амино киселините како суплементација се разликуваат од протеинските прашоци во нивната 100% чиста содржина на протеин. Не постои 100% чист протеински шејк/прашок на пазарот, бидејќи секогаш истите се пропратени со некој вкусен раствор кој мора да содржи некоја минимална количина на шеќери. Всушност и може да се каже дека аминокиселинскиот комплекс како суплемент е 100% чист протеин!

Покрај брзата апсорпција на амино киселините во организмот и нивната 100% содржаност на протеин, важно е да се нагласи нивната помош за задоволителна синтеза на протеини во органзимот! Ова значи дека во моменти кога не сме во можност да го внесеме потребниот протеински оброк, истиот го заменуваме со некој аминокиселински комплекс кој може да се јави во форма на течност или таблети. Предноста на течната форма од таблетите е во брзата апсорпција (искористување) во крвта, додека пак таблетите пак се подобри со нивната можност за транспорт. Кога се вели транспорт се мисли на тоа кај и да сте, што и да работите таблетите можете да ги понесите со вас во потребната количина. Или со други зборови може да се каже дека со  користење на амино киселините во форма на таблети имате “протеини в џеб“! Имајќи предвид дека внесот или синтезата на протеини во организмот е еден од основниот фактор за градење на мсукулна маса, може да се увиди вредноста на овој суплемент во бодибилдингот и фитнесот!

Постојат разновидни аминокиселински коплекси со различен состав и нивна концентрација. Но дали и кога имате потреба од конзумирање на ваков суплемент зависи од повеќе фактори, кои кај секоја индивидуа се различни! Исто така покрај амино киселините, во аминокиселинскиот комплекс како суплемент можат да се јават и други состојки кои носат разновидни ефекти. Затоа е потребна консултација со веќе докажано стручно лице пред да експериметирате и залудно да ги губите парите, времето, трудот,…!

Picture of InsightFoundry

InsightFoundry

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit