“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
Што е гејнер суплементот и како делува за зголемување на масата?

Добивач на тежина (Weight Gainer) или уште познат како гејнер е таков тип на суплемент оптимизиран за добивање на телесна тежина (маса) и големина. Тоа значи дека со негово конзумирање може да ја зголемите масата на скелетните мускули и поткожните масти. Но далеку од тоа дека е наменет исклучиво само за зголемување на мускулната маса! Може, но потребно е соодветно и правилно дозирање при одредени услови за исхрана и тренинг! Зошто е тоа така и како се доаѓа до саканиот ефект, без разлика дали е тоа зголемување на мускулната маса, зголемување на телесните масти или пак двојниот ефект?

Гејнер е суплемент во форма на прашок кој може да содржи најмногу 50% протеини, најмалку 50% јагленихидрати и најмногу 10% останати органски и неоргански соединенија. Значи претежно доминираат јагленихидратите, а помалку протеините и останатите соединенија.

Преку исхраната ние внесуваме сложени јагленихидрати кои во дигестивниот тракт се разлжуваат на елементарните (основните) јагленихидрати, наречени моносахариди. Како такви се транспортираат во крвотокот и се познати уште како “шеќер во крвта“ или глукоза. Глукозата во организмот примарно се користи како гориво за добивање на енергија. Најголем дел од енергијата ја користат скелетните мускули и мозокот. Енергијата се добива при разложување (конвертирање) на глукозата во соединение “пируват“ со помош на кислородот, при што се добива соодветно високо-енергетско соединение и јаглероден диоксид како одпаден продукт. Ова високо-енергетско соединение е слично како батерија – “се полни и се празни“ и се нарекува Аденозин Трифосфат АТФ (Adenosine Triphosphate). Најмногу АТФ се користи за напојување на мускулото влакно со енергија за да истото се котрахира, при што се овозможува движење на телото т.е. се добива механичка енергија.

Шеќерот во крвта е регулиран од страна на два хормони, инсулин и глукагон. Истите се излачуваат во бета клетките од панкреасот во зависност од потребата. При зголемување на нивото на шеќер во крвта над нормални граници, инсулинот има за задача да го намали нивото на глукоза до нормални граници.  Молекулите на инсулин ги активираат соодветните рецептори во клетките од мускулите и црниот дроб за да се изврши складирање на шеќерот во клетките, при што вишокот се складира во вид на “резервен шеќер“ т.е. гликоген. Гликогенот претставува сложен јагленхидрат, составен од една или повеќе низи (полимери) од моносахариди (глукоза). Но ако складиштата од гликоген се преполнат, а нивото на шеќер е сеуште наднормала, тогаш инсулинот ги активира соодветните рецептори од белите масни клетки т.е. дава импулс (наредба) да навлези шеќерот во овие клетки и со помош на одредени органски соединенија и ензими се претвара во триглицериди (масти). При опаѓење на нивото на шеќерот во крвта под нормални граници, глукагонот има за задача да го зголеми нивото на шеќерот во крвта до нормални граници. Молекулите на глукагонот ги активираат соодветните рецептори во клетките од мускулите и црниот дроб за да се активира “резервниот шеќер“ т.е. да се разложи гликогенот на елементарните моносахариди (глукозата), при што количеството на шеќер во крвта се зголемува. Но ако залихите (складиштата) се испразнат, а нивото на шеќер е сеуште под нормала, тогаш глукагонот заедно со хормонот на раст, тироидниот хормон и адреналинот, ги активираат соодветните рецептори од белите масни клетки т.е. даваат импулси (наредба) да се извршат потребните активности во клетката така да триглициридите (мастите) се катаболизираат (разложат) на составните масни киселини и глицерол. Потоа овие соединенија се упатуваат во црниот дроб за да се искористат истите за добивање на глукоза преку т.н процес на глуконеогенеза.

Значи глукозата всушност претставува основно гориво за добивање на енергија на човекот. Додека гликогенот пак представува резервно гориво (резервен шеќер), кое по потреба се преработува во форма на глукоза (гроздов шеќер) за да истото биде искористено. Масното ткиво составено од бели масни клетки наполнети со триглицириди (масти) претставува резерва на гликогенот. Овие маснотии се користат за добивање на енергија (глукоза) во кризни (стресни) ситуации кога ќе се исцрпат залихите на гликоген. Кога складиштата на гликоген се полни, вишокот на шеќер се ковертира во масти и се складира во подкожното масно ткиво (бели масни клетки). Или може да се каже дека масното ткиво се намалува доколку ние трошиме повеќе енергија отколку што внесуваме преку храната, додека истото се наголемува ако внесуваме повеќе енергија одколку што трошиме!

Па бидејќи гејнер суплементот претежно содржи јагленихидрати, со негово конзумирање лесно може да го доведиме организмот до ситуација каде што ќе внесуваме повеќе енергија отколку што ќе трошиме. Во тој случај мускулните влакна ќе бидат наполнети со гликоген и глукоза. Па бидејќи овие молекули лесно се врзуваат со водата (ја сакаат водата), мускулните влакна ќе ја добијат својата максимална големина. Исто така, мускулите секогаш ќе имаат на дофат шеќер, така што постојано ќе се обезбедува доволно енергија за интензивни тренинзи со отпор (resistance workouts) кои се неопходни за стимулација на мускулен раст т.е. зголемување на мускулните влакна во големина и зголемување на нивниот број.

Ако се избалансира дозирањето на гејнер суплементот така да внесот на енергија биде еднаков со трошокот, ќе добиеме зголемување на телесната тежина (маса) како резултат на зголемена маса и напумпаност на мускулите! Но доколку дозирањето на гејнерот е такво да внесуваме повеќе енергија отколку што трошиме, покрај мускулниот раст и напумпаност, ќе добиеме и зголемување на телесната тежина како резултат на зголемување (раст) на масното ткиво!

Затоа многу важно е лицето кое сака да ја зголемува телесната тежина со помош на гејнер да знае точно “каква“ телесна тежина сака и во однос на тоа да го изблансира дозирањето на гејнер прашокот и исхраната со тренингот! Доколку лицето не е во можност да го искалкулира тоа, препорачливо е консултација со стручно лице!

Picture of InsightFoundry

InsightFoundry

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit

X