Туберкулозата (Tuberculosis – TB) претставува инфективна (заразна) болест предизвикана од бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Оваа бактерија примарно (првично) предизвикува инфекција во белите дробови, но може да се рашири и на другите делови од телото. Карактеристично за туберкулозната бактерија е тоа што истата е заштитена со т.н “восочна капсула“ (мембрана) која има висока отпорност од токисините (отровите) кои ги испуштаат имунолошките клетки во обид да ја уништат истата. Исто така многу важна особина со која се карактеризира оваа бактерија е способноста да се адаптира на секаков вид на антибиотик кој ќе се обиде да ја уништи.
Туберкулозната инфекција не значи дека ќе станиш болен. Постојат две форми на болеста:
- Латентна туберкулоза (Latent TB) – Неактивна (заспиена) форма на туберкулозата.
- Активна туберкулоза (Active TB) – Активна (разбудена) форма на туберкулозата.
Латентна туберкулоза (Latent TB) претставува неактивна форма на туберкулозата при која бактеријата е навлезена во организмот и истата е спречена од имунитетот да прави понатамошна штета (инфекција) во околните ткива како и нејзино ширење во другите делови од организмот. Ова всушност значи дека латентната туберкулоза не е болест, односно нема никакво нарушување на нормалната работа на органзимот. Бидејќи ова не е активна инфекцијата и истата не е заразна т.е. не е пренослива кон други особи. Но сепак ваквата инфекција е сеуште жива и може еден ден да стане активна. Доколку некоја личност поседува латентна (неактивна) туберкулоза и истиот е високо ризичен за реактивација на инфекцијата, потребно е лечење со антибиотици за да се намали ризикот да се развие активна туберкулоза. Високо ризични за реактивација на инфекцијата се оние со ХИВ, личности кои во нивните рани две години ја добиле примарната инфекција, личности со оштетен имунилошки систем, личности кои претрпеле абнормално рентген зрачење,… Но како всушност настанува латентната туберкулоза, односно која е нејзината патогенеза?
Туберкулозната бактерија е бавно-растечка бактерија и токму заради тоа таа најдобро се развива на места каде што има многу кислород и крв како што се белите дробови. Доколку на било каков друг начин се обиде оваа бактерија да навлезе во нашиот организам лесно може да биде отстранета од имунолошкиот систем бидејќи истатата тогаш би била многу слаба. Лесно се доведува истата до белите дробови преку нашето вдишување. Туберкулозната бактерија се пренесува од човек до човек преку воздухот. Кога луѓето со активна белудробна туберкулоза кашлаат, киваат, зборуваат, пеат или плукаат, тие исфрлаат (протеруваат) во воздухот ситни инфективни капки (со дијаметар од 0,5 до 5 микрометри). Научно докажано е дека една кивавица може да протера околу 40 000 вакви капки. Секоја од овие капки може да пренесе болест бидејќи истата содржи повеќе бактерии, а докажано е дека со инхалација со помалку од 10 бактерии може да се предизвика инфекција. Инфекцијата на белите дробови предизвикана од туберкулозната бактерија се нарекува белудробна туберкулоза. Но доколку заразената личност од било какви причини има нарушен имунитет, примарна инфекција може да се појави и на поодалечни места од белите дробови. Ваквата инфекција се нарекува екстрабелудробна туберкулоза.
Инфекцијата започнува кога туберкулозната бактерија ќе навлезе во алвеолите (ситните меурчиња) од белите дробови, каде се врши размената на гасовите. Имунулошкиот систем веднаш го детектира нападот од бактеријата, па имунолошките клетки кои се задолжени да ги отстрануваат (уништуваат) патогените како што е туберкулозната бактерија започнуваат да си ја вршат својата работа. Овие имунолошки клетки се макрофагите (тип на лаукоцити) и истите имаат за задача да ги голтаат бактериите и воедно дигестираат (уништат), постапка која се нарекува фагоцитоза. Но тоа не им успева, бидејќи туберкулозната бактерија има таква мембрана која е доволно дебела и цврста како восочна капсула, со што истата е отпорна од било какви токсични напади кои би ја уништиле. Секако дека може да се пробие оваа капсула, но за тоа е потребно повеќе време. Со ова бактеријата има доволно време да се реплицира (размножи) во макрофагите како нејзин домаќин-клетка и воедно да ја убие (уништи) таа клетка.
Истовремено пак макрофагите и останатите имунолошки клетки кои се задолжени во прв план да реагираат борбено против бактериите испраќаат сигнали да ја засилат одбраната, односно повикуваат поголем број на макрофаги како и други типови на имунолошки клетки (Б лимфоцити и Т лимфоцити). Вака зголемениот број на имунолошки клетки ја заобиколуваат инфекцијата, односно го заобиколуваат делот каде имунолошките клетки активно се борат против инфекцијата, со што се формира еден одбрамбен ѕид од имунолошки клетки во форма на прстен кој се нарекува гранулом (granuloma). Бактеријата е непобедлива во борбата со имунолошките клетки, но со грануломот пак се заробува бактеријата да навлезе и во други делови од организмот, односно се спречува инфекцијата да се рашири. Исто така во овој ѕид се формираат и поголеми (гигантски) макрофаги кои со поголема моќ ќе се борат против бактериите. Со текот на времето оваа заробена бактерија, во зависност од состојбата на имунитетот на организмот и надворешното влијание од животната средина, истата може или целосно да биде исчистена (уништена) по извесен преиод или може долгорајно да остане заробена од грануломот се додека не попушти (ослаби) грануломот поради ослабен имунитет. Се додека грануломот ја држи бактеријата заробена, тогаш велиме дека се работи за латентна туберкулозна или неактивна туберкулозна инфекција.
Доколку пак бактеријата од х-причини успее да го пробие (напушти) грануломот, инфекцијата ќе се рашири и низ други места од организмот и тогаш велиме дека се работи за активна туберкулоза (Active TB) или активна туберкулозна инфекција. Кога се зборува за туберкулозата како болест се мисли на активната туберкулоза, не за латентната (заспиената) која е неактивна форма на туберкулозата без никакви симптоми на заболеност. Туберкулозата како болест со активна инфекција го доведува човечкиот организам до одредени симптоми на заболеност како што се:
- хронично искашлување кое трае 3 недели или подолго,
- искашлување на крв која доаѓа од длабоката внатрешност на белите дробови,
- треска – зголемување на телесната температура над нормалната,
- ноќни потења или потења при спиење,
- слабеење, замор и истоштеност,
- намален апетит,
- забрзана работа на срцето (забрзано чукање на срцето) и
- оток на вратот (ако лимфните јазли кај вратот се инфицирани).
- скратено вдишување и болки во градите (редок симптом)
Овие симптоми се резултат на воспалението кои се јавува како одговор на имунолошкиот систем во борбата против инфекцијата предизвикана од туберкулозната бактерија. Покрај примарната инфекција, бактеријата лесно може да се рашири и на други места од белите дробови, како и на поодалечните органи и жлезди и да формира секундарни инфекции. Доколку не се реагира навремено и оваа инфекција успее да се рашири и на други места од организмот шансите за да се преживее се многу мали.
Како се лечи туберкулозата? Оваа болест се лечи со комбинација на неколку антибиотици одредени од доктор. Оваа терапија трае околу 6-9 месеци и доколку пациентот ги конзумира антибиотиците правилно, шансите за да се исчисти од туберкулозната активна инфекција се многу големи. Доколку при оваа терапија бактеријата покаже оптпорност од антибиотиците, лекувањето може да потрае и повеќе месеци или години. Латентната туберкулоза пак се лечи со само еден антибиотик дневно или пак комбинација од неколку антибиотици неделно во период од една година. Со оваа терапија шансите од активација на латентната (скриена) туберкулоза се многу мали.
Колку е заразна туберкулозата? Туберкулозаната бактерија се пренесува исклучиво преку дишењето од човек на човек. Просечно секој заболен од активна туберкулоза кој не применува никаква терапија, може да зарази од 10 до 15 луѓе за една година. Туберкулозата е заразна исто како што се грипот и настинката, но не е толку лесно закачлива. Бидејќи бактериите растат бавно, потребно е повеќе време поминато со лице кое е веќе заразено, за да се закачи туберкулозната бактерија за дотогаш не-заразеното лице. Затоа и обично се шири болеста меѓу соработниците, пријателите и членовите од фамилијата.
Оваа болест има голема историја на постоење, каде во одредени периоди поинтензивно се јавувала на некои места и тоа придонесувало дури и до иселувања на народите. Дури кон почетокот на 19-тиот век била создадена првата вакцина наречена “bacilli Calmette-Guerin” (BCG). Од тогаш до денес сеуште се користи оваа вакцина и созданени се неколку подобрувања на истата. BCG вакцината против туберкулоза врши соодветна имунизација на човечкиот организам со цел имунитетот полесно да ја елиминира бактеријата доколку истата навлезе во органзмот или пак доколку бактеријата е веќе во организмот. Оваа вакцинација или имунизација се остварува исто како и при секоја друга вакцина, со инјектирање на полуизумрети бактерии или антигени со цел да предизвикаат адаптивен имунолошки одговор кој ќе создаде соодветни типови на антитела, кои пак ќе можат да одговорат специфично кон туберкулозната бактерија на уништување на истата. Најчеста употреба на туберкулозната вакцина има кај населениата во кои заразата е доста честа, кај новороденчињата кои се раѓаат покрај високо заразено население или пак нивните родители биле заразени, возрасни деца до 16 год. кои живеат покрај високо заразено население, а поретко и возрасни до 35 год. Со воведувањето на вакцината против туберкулоза, кај децата ризикот од добивање на латентна туберкулозна е намален за 20%, а за активирање на инфекцијата и добивање на болест ризикот е намален за 60%.
Околу 90% од заболените со туберкулозата се личности кои претходно поседувале латентна туберкулоза. На почетокот ги напоменав кои се главните високо-ризични лица за добивање на туберкулозната инфекција или активна туберкулоза, но уште еднаш заклучно ќе ги наведам истите, а тоа се:
- Лица со ХИВ или друго заболување кое го намалува имунитетот;
- Лица кои имаат близок контакт со некој кој има активна туберкулоза;
- Медицински лица кои се грижат за заболените од туберкулоза;
- Лица кои живеат или работат во густи населениа, сиромашни населениа во кои хигиената е слаба, населениа каде инфекцијата од туберкулоза е честа;
- Лица кои имаат ограничен пристап кон домовите за здраствена грижа како што се бездомниците и мигрантските земјоделски/сточарски работници;
- Лица кои ја злоупотребуваат дрогата и алкохолот;
- Лица кои патуваат или биле родени на места каде е често застапено не-лекувањето на туберкулозата како што се Латинска Америка, Азија, Африка, Источна Европа и Русија.
Овие високо-ризични лица за добивање на туберкулоза потребно е да бидат тестирани од доктор еднаш до два пати годишно.