“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
Аргинин - Што е тоа и какво дејство има овој суплемент?

Л-Аргинин (L-Arginine) e полуесенцијална амино киселина, односно условно есенцијална амино кислелина која не секогаш може да се произведе во човечкиот организам. Воглавно се внесува преку исхраната како составен дел на протеините, а помалку се внесува како составен дел на креатин и останати органски соединенија. Значи аргининот се содржи скоро во секоја храна, но најзастапен е во онаа храна каде што најмногу доминираат протеините како што е месото, рибата и млекото.

Аргининот во нашиот организам е од голема важност, бидејќи истиот е во состав на протеините, креатинот, хормоните, претходник (прекурсор) за разни органски соединенија кои се создаваат во човечкиот организам… Всушност оваа амино киселина е само една од поважните органски и неоргански материи, кои се внесуваат во нашиот организам преку исхраната, неопходни за човечкиот развој и функционалност. Затоа и ние се храниме, затоа и ние чувствуваме глад (потреба) за овие соединенија, без кои ние луѓето не можеме да живееме! Но овде веднаш се посавува прашањето: “Зошто е потребен ваков суплемент, кога аргинин внесуваме преку исхраната?“

Аргинин како суплементот (додаток во исхраната) е препорачлив за конзумирање кај оние личности, кои од х–непознати причини им е намалена концентрацијата на Л-Аргинин во органзимот, како и на оние личности кои сакаат периодично да ги подобрат нивните психофизички перформанси за да достигнат некоја одредена цел како што е:

  • Нормализирање на крвниот притисок
  • Нормализирање на шеќерот во крвта
  • Подобрување на имунитетот
  • Подобрување на квалитетот на сонот
  • Потиснување на вознемиреност и нервоза (ја подржува смереноста)
  • Подобрено либидо, односно подобрена ерекција и оргазам
  • Подобрување на плодноста кај мажите (дури и кај жените)
  • Зголемување, пумпање и зајакнување на мускулатурата
  • Олеснето согорување на поткожните масти (адипоцитно ткиво)
  • Подмладување на кожата
  • Зголемена концентрација и фокус

Психофизичките перформанси воглавно се подобруваат преку зголеменото создавање на Хормон на раст (Growth Hormone) и Азотен Оксид (Nitric Oxidе).

Л-Аргининот е доста застапен во составот на хормонот на раст како протеин, и затоа со зголемена концентрација на аргинин во крвта, добиваме поголемо производство на хормонот за раст. Хормонот на раст е главен подржувач на мускулната хиперплазија (muscle hyperplasia) која претставува зголемување на мускулната маса со зголемување на бројот на мускулни влакна. Ова значи дека со внесување на л-аргинин како додаток во исхраната се добива поефикасно зголемување на мускулната маса. Подетално за овој хормон во некоја друга статија, но она што треба воглавно да го знаеме е неговата тенденција да не подмладува и регенерира. Инаку за поефикасно зголемување на лачењето на хормонот за раст се препорачува комбинирање на аргинин со други амино киселни кои исто така имаат тенденција да го зголемуваат производството на хормонот на раст.

Другото важно создавње кое се остварува со аргинин е создавањето на гасот NO (нитрик оксид) – Азотен Оксид. Со помош на одредени ензими аргиннинот се претвара во ААКГ – Аргинин Алфа-Кетоглутарат (Arginine Alpha-Ketoglutarate – AAKG), кој пак се претвара во Азотен Оксид. Nitric Oxidе молекулите служат најмногу за да им сигнализираат на крвните садови да се дилатираат (прошират) преку зголемена релаксираност на ѕидовите на истите. Со ова се овозможува да крвта циркулира низ крвните садови со поголем проток. Па бидејќи имаме зголемен проток на крв во мозокот, како и зголемен доток на хранливи материи до мозокот, автоматски добиваме зголемена концентрација и фокус на мозокот. Исто така релаксирачкото проширување на крвните садови во мускулите ја подобрува снабдувачката на потребните органски и неоргански материи за подобрено функционирање на мускулните влакна (клетки). Со ова е овозможена зголемена напумпаност и моќност на мускулите. Оваа појава (ефект) на проширување на крвните садови се нарекува  вазодилатација.

Со вазодилатацијата се подобрува и сексуалниот живот, преку подобрената ерекција кај мажите и оргазам кај жените. Покрај вазодилатацијата, NO директно го подобрува транспортот на шеќерот (глукозата) во мусклните клетки со што се овозможува беспрекорна достапност (присутност) на глукоза во мускулите. Особено се препорачува конзумирање на аргинин како суплемент кај лица кои се во пре-дијабетес 2 состојба (отпорност од инсулин).

Аргининот како суплемент е доста користен од страна на популацијата поради неговите придобивки. Го користат и спортисти и не-спортисти, но најчеста примена на овој суплемент има во бодибилдингот и фитнесот, каде вежбачите со конзумирање на аргинин во Л-Аргинин форма ја зголемуваат мускулатурата. Особено е се почеста конзумацијата ААКГ формата со која директно се подобрува мускулната пумпа. Во денешно време аргинин амино киселината е главен составен дел во Pre-Workout суплементите (т.н. пумпачи или NO реактори) кои се склоп-комбинација од повеќе органски и неоргански материи. Аргининот е доста флексибилен кога станува збор за негово комбинирање со други суплементи. Може да се вклопи во разновидни случаеви и да придонесе многу за прогресот (напредокот) на еден спортист или не-спортист, но за оптимално негово искористување потребно е добро познавање од физиологијата на човечкиот организам. Доколку корисникот е посериозен во постигнувањето на одредена спортска или не-спортска цел потребна е консултација со стручно лице.

Picture of InsightFoundry

InsightFoundry

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit