Sale!

Creatine Xplode Powder (500 g - 100 serv)

1,190 ден

Out of stock

Description

Одлична комбинација од најнапредните форми на креатин, карактеризирани со највисока анаболна активност и шема на енергетски промени. Creatine Xplode успева да искомбинира во само еден единствен производ 6 од најпопуларните и најефективните форми на креатин кои се употребуваат во светот на напредните атлетски додатоци. Состојките од овој специјален производ се соодветно балансирани така што ослободувањето на слободни молекули на креатинот е највисоко веднаш по консумирањето, многу брзо исполнувајќи ги барањата за овој состав во услови на најголема изложеност на катаболизам – по будењето и веднаш по тренингот. Формите на креатинот кои што се содржат во овој производ вклучуваат малат, етил естер, алфа-кетоглутарат, пириват, цитрат и вистински дијамант во форма на одличен креатински хелат на магнезиумот (Creatine Magna Power). Употребата на овие форми на креатин гарантира многу повеќе од постигнување на најразновидна кинетика на ослободувањето на слободни молекули на креатинот, исто така обезбедува минимални загуби на супстанцијата (во неактивен креатин) под неповолните услови на хранливиот тракт. Исто така е важно, по ослободувањето на неговата слободна молекула, енергетските метаболити на креатинот (пириват, малат или алфа-кетоглутарат) да станат дел од состојките кои учествуваат во промените на енергијата (вклучувајќи го и Кребсовиот циклус), директно придонесувајќи за намалување на чувството на замор кое е често кај спортистите. Збогатувањето на Creatine Explode со таурин е многу ефективно во синергетското влијание врз обемот на вежбање како и ефикасното унапредување на процесот, јасно придонесува за подобрување на спортските перформанси и го скратува времето потребно за регенерација по тренингот. Сите овие факти несомнено го носат новиот производ на ОЛИМП на врвот, споредено со традиционалните, еднокомпонентни додатоци со креатин.

За кого е наменет овој производ?

Creatine Xplode се препорачува за сите кои спортуваат, без оглед на нивното моментално ниво. Овој иновативен додаток ќе придонесе за значително подобрување во перформансите на вежбање и значително скратување на времето за регенерација на телото. Употребата на Creatine Xplode ќе биде корисна за сите кои се секојдневно активни поради нивната работа или други обврски. Мешавината од 6 типа на креатин кои ги има во овој производ ќе ве снабдат со сила доволна за еден цел активен ден.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Creatine Xplode Powder (500 g – 100 serv)”

Your email address will not be published.

Select your currency
MKD Macedonian denar
X