Menu
Што се тоа Протеини, а што Протеински Прашоци?

Protein Shake

Што се тоа протеини и зошто истите понекогаш ни се потребени да ги внесуваме како додаток (суплемент) во исхраната?

Протеинот (белковинот) е органско соединение кое учествува во вкупната маса на човекот од 10-20%, или во сува маса со исклучок на водата околу 50%. Ова органско соединение е составено од една или повеќе молекуларни низи од 20 типа на амино киселини, класифицирани во две групи: есенцијални и неесенцијални амино киселини. Есенцијалните се аминокиселините кои не се продуцираат (создаваат) во организмот и затоа неопходно е нивно внесување преку исхраната. Неесенцијалните пак се оние амино киселини за кои не е неопходно да се внесувааат преку исхраната, бидејќи истите се создаваат во организмот. Синтезата (создавањето) на протеинот се извршува во клетките, каде секој тип на протеин е кодиран во соодветниот ген од ДНК (деоксирибонуклеинска киселина).

Сите клетки во човечкиот организам воглавно се составени од вода и протеини, но со најголема содржина на протеини се издвојуваат мускулните клетки (влакна) кај мускулите. Секое мускулно влакно содржи околу 70-80% вода и 15-20% протеини. Дел од протеините кои се синтетизираат во овие клетки се користат за регулација од некој работен процес, а дел за изградба на самата клетка.

При процес на зголемување на мускулната маса, непходно е зголемување на протеинската синтеза. Но за да имаме зголемена протеинска синтеза, потребно е и зголемен внес на амино киселини во мускулните влакна. Затоа всушност го јадеме месото, јајцата, рибата, гравот и сл. т.е. за да ги внесиме потребните амино киселини кои го формираат протеинот. Преку конзумирањето на храна богата со протеини, истите преку дигестивниот тракт се разложуваат (хидролизираат) на составните амино киселини во кои се содржат сите 20 типа на амино киселини. Овде се поставува прашањето: “Зошто да земам протеини како додаток (суплемент) во исхраната кога истите ги имам во храната?“ Значи доколку успеете да внесете задоволителна количина на протеини преку исхраната за соодветната цел, нема потреба од дополнително внесување на протеини преку суплементација. Но доколку не сте во можност да ги внесувате потребните оброци препорачани од стручно лице за соодветната цел, тогаш непходно е допонително внесување на суплемент за да се задоволи потребата од протеини!

Во денешно време на пазарот достапни се разновидни протеински прашоци кои воглавно се добиваат од млеко, јајца, месо, соја и житарици. Но накратко ќе ги опишам најкористените типови на протеински додатоци.

При производство на сирење се добива течен под-продукт познат како Whey (Сурутка) и истиот воглавно се состои од вода со содржина околу 93%, а останатиот дел го содржат протеини, јагленихидрати, масти и минерали. Околу 80% од протеините се Casein тип, а само 20% се Whey тип на протеини. Со изолирање на соодветниот тип на протеини се добиваат Whey Proteins (веј протеини) и Casein Proteins (казеин протеини). Овие два типа на протеини се разликуваат во нивната аминокиселинска содржина, така што Whey протеините полесно се разложува на составните аминокиселини во дигестивниот тракт при што е овозможена побрза достава на истите до клетките. Поребни се околу 30 min од моментот на внесување на веј протеинот во организмот до моментот на повторно синетизирање (формирање) во клетките. Додека казеин протеинот е “потврдоглав“ во однос на негово искористување т.е. аминокиселинскиот состав е таков да бавно се разложуваат во дигестивниот тракт, при што потребни се неколку часа за негово искористување во клетките. Затоа препорачливо конзумирање на Casein протеините е пред легнување, додека Whey протеините непосредно после тренингот со отпор или во било кој период од денот кога сметаме дека немаме внесено доволно протеини во организмот од x-причини, а сакаме брз внес!

Најкористениот протеински прашок, односно шејк е Whey (веј) протеинскиот прашок. Постојат три вида на веј протеински прашоци, и тоа: Whey Concentrate, Whey Isolate и Hydrolyzed Whey.

Whey Concentrate (веј концентр) е протеинот кој се добива со филтрирање на Whey (сурутката). Се добива со отстранување на водата, казеинот, шеќерите, мастите и минералите од сурутката. При процесот на концентрацијата или филтрацијата не може да се добие 100% чист whey протеин, затоа овој тип на веј протеин (Whey Concentrate) е проследен со околу 80% чист или “вистински“ whey proteine, додека во останатите 20% се содржат лактозата, холестеролот, мастите, витамините и минералите. Whey Concentrate е најефтин за производство и токму затоа е и најкористениот тип на протеин од страна на спортистите. Негативната страна на овој тип на веј протеински прашок е несаканата содржина на лактозата (lactose) – дисахарид и мастите. Но со правилно негово конзумирање, односно со правино вклопување во исхраната и балансирање со тренингот,  несаканата содржина на лактозата и мастите нема да влијае негативно врз вашата цел! Единствено само лицата кои се осетливи на лактоза (lactose intolerance) т.е. лицата кои имаат проблеми во дигестивниот тракт при разложување на лактозата треба да го избегнуваат користењето на whey концентрат.

Whey Isolate (веј изолат) е протеински прашок со поголема содржина на протеини (околу 90%) од концентратот и со минимална содржина на лактоза, масти и холестерол. Овој протеински прашок на пазарот е малку поскап од концентратот заради дополнителниот процесот на изолирање на whey протеинот од лактозата, мастите и холестеролот.

Hydrolyzed Whey (хидролизиран веј)  е најсовршената верзија на whey и нормално најскапата. Со хидролиза е разложен на помали низи од составните аминокислелини со што се овозможува брзо разложување и абсорбирање на составните амино киселини во организмот.

Во денешно време доста се користи и говетскиот изолиран протеин (Beef Proteine Isolate) кој се карактеризира со скоро иста аминокиселинска структура која е потребна за мускулниот протеин кај човекот.  Исто така и овој протеински прашок е поскап како што е Whey Isolate, но нормално што поскапо тоа е посовршено.

Со правилно балансирање на дозирањето на протеински прашок и исхраната се создаваат одлични услови за мускулен раст! Но за таа цел нормално, потребно е и соодветен тренинг и одмор! Затоа доколку не сте добро запознаени околу “нештава“, препуштете му го тоа на веќе докажано стручно лице! Во спротивно не ги тошите парите бесполезно, бидејќи протеините како суплементи не прават магија!

Share this Post!
About the Author : Igor Lapchev
0 Comment

Leave a Comment

Your email address will not be published.