Menu

Скоро секој од нас во животот се соочил со потребата од достигнување на одредена цел во здравјето, фитнес-изгледот и спортот. Ова најчесто се однесува на губењето на вишок телесна тежина, зголемување на издржливоста и силата при спортување и извршување на секојдневни физички работи, зголемување на мускулната маса и големина, подобрување на дефинираноста на мускулатурата, зголемување на брзината на контрахирање на мускулите при спортување, закрепнување од разновидни телесни повреди, подобрување на имунитетот, и тн…

Како ние можеме да ви помогнеме во достигнувањето на овие цели?

  • Со продавање на одреден суплемент!? – НЕ!
  • Со продавање на одреден тренинг шаблон!? – НЕ!
  • Со продавање на одредена диета!? – НЕ!
  • Со продавање на одредена билка!? – НЕ!
  • Со продавање на соодветно решение за вас! – ДА!

Ова решение се изготвува од наше стручно лице врз основа на вашата потреба, цел, тековна здраствена состојба, тековна фитнес-изглед состојба, тековна социјална состојба, разновидни секојдневни ограничувања, и тн…

Во зависност од вашата моментална состојба и потреба ние изготвуваме соодветно решение за вас кое може да содржи:

  • Правилен избор на суплементација со прилагодено упатство на користење за вас;
  • Соодветен тренинг шаблон или тренинг совети;
  • Соодветна диета или совети за соодветната исхрана за вас;
  • Или пак комбинација од трите работи, како најчесто оптимално решение за вас.

Не постои магична формула за било каков успех! Ние не се обидуваме да продадеме конкретен прозивод за задоволување на ваша потреба, бидејќи не постои такво нешто! Човечкиот организам е иделна органска машина со доста сложена физиологија, која не паѓа на финти од типот: “пет чекори за зголемена меморија“, “пет вежби за рамен стомак“, “диета за зголемување на имунитет“, “најдобар топач на масти“, итн. LOL. Ова се всушност работи кои постојат само во нашиот мозок, кој пак секогаш цели кон безболни решенија за остварување на нашите желби. Е па мислам “Hello“, без болка нема добивка, ти текнува нели? 😊  Нашите решенија не се магични и безболни, туку се реални со вклучен труд кој треба да го вложи: “кој друг ако не вие!“

Особено кога се работи за користењето на суплементацијата и фитнес-изгледот, никогаш не настојуваме да го максимизираме вашиот резултат за сметка на вашето здравје! Нашето решение секогаш се однесува за максимизирање на вашиот напредок кој треба да цели кон вашата цел без нарушување на здравјето! Сега можеби некој ќе си рече: “Како не, нема врска јас колку време вежбам и користам суплементација и ништо не ми е“. Негативните работи, односно повредите нанесени врз организмот не секогаш се осеќаат, но сигурно ја отежнуваат нормалната работа на организмот со што пак се придонесува за понатамошна појава на дефект – “болест“ кој резултира до скратен животен век.

Кога се работи за користењето на суплементацијата и фитнес-изгледот, кои се групите на лица поради кои ние постоиме, односно за кои лица “БИОТИКА-МК®“ е најпрепорачлива опција?

  • Лица кои досега не користеле никаква суплементација;
  • Лица кои досега користеле одредена суплементација, но не забележале некаков напредок кон достигнување на саканата цел;
  • Лица кои поседуваат одредени здраствени нарушувања како што е дијабетес, хипертензија, алергија, артериосклероза, и тн…;
  • Лица кои доживеале било каква тешка психо-физичка повреда (траума);
  • И пред се, ЛИЦА КОИ ВЕРУВААТ во нашата стручност и посветеност!

За било какви прашања контактирајте не.