Menu

Што е "Biotika"?

Правно лице: “БИОТИКА-МК ДООЕЛ Неготино“.

Тековната дејност:

Оnline малопродажба на додатоци во исхраната (суплементација) за спортисти и не-спортисти!

Придобивки на купувачите:

–> подобрување на психо-физичките перформанси кај спортистите кои овозможуваат за поубедливи спортски достигнувања

–> олеснат и забрзан процес на подобрување на здраствената состојба кај не-спортистите и спортистите, како и

–> олеснат и забрзан процес на подобрување на фитнес изгледот кај  не-спотристите и спортистите.

Како функционира?

Купување на било каков суплемент кој е огласен за продажба на нашата вебстраница biotika.mk може да се изврши на два начина:

–> по ваш самостоен избор одобрен од наше стручно лице или

–> по препорака на наше стручно лице.

Контакт до стручно лице се остварува во inbox преку facebook страната на Biotika или преку contact страната. По донесување на одлука за купување/нарачување на некој суплемент, ги оставате вашите потребни информации за доставување на пакетот. Плаќањето се извршува во готово непосредно пред подигање на пакетот од транспорт компанијата. Во зависност од моментот на нарачување и местото на доставување, испораката може да потрае од 1 до 3 дена.

Зошто Biotika?

Биотика не е обичена малопродажна продавница за суплементација која за сметка на вашето здравје би го зголемила профитот. Всушност  она што ние го нудиме е правилен избор на суплементација и правилен начин на нивна употреба прилагоден за вас! За да се оствари било каков напредок во здравјето, фитнесот и спортот, потребно е правилно исполнување на повеќе фактори: исхрана, суплементација, тренинг, секојдневни активности, моментална здраствена состојба, моментална финес состојба, … Овие фактори кај секоја личност се различни па затоа и не постои конкретен избор на суплемент и конкретна негова употреба која ќе важи за секого! Ние не правиме примамливи реклами за зголемување на нашиот профит, туку ние профитираме од вашите успеси. Веруваме дека вашиот успех е наш успех!

Мисија:

Подобрување на квалитетот на живот на човекот во Р. Македонија па и пошироко, преку прикажување на што е можно по реална перцепција за функционалноста, односно физиологијата на човечкото тело. Овде посебен акцент се става на идните генерации, бидејќи најголемиот дел од досегашните генерации ја имат нереалната/погрешната перцепција за функционалноста на човекот! Оваа погрешна перцепција е наметната од одредени паметни лидери кои сакаат да контролираат. Но оваа доба на контролирање полека замрува со замавот на глбализацијата која е резултат на развиената и усовршена е-технологија.