Tribulus Terrestris Extrat

“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
Трибулус Терестрис - Што е тоа и какво дејство има?

Во денешно време постојат разновидни производи – суплементи кои воглавно се екстрати, добиени од растението (билката) Трибулус Терестрис (Tribulus Terrestris). Овие екстрати се наменети за стимулирање на машкиот полов хормон тестостеронот, затоа и припаѓаат во групата на Testosteron Booster Supplements“ – стимулатори на тестостерон. Трибулус Терестрис билката е уште позната кај народот како Ќаволска Канџа или Бабин Заб. Овие прекари се добиени врз основа на изгледот на растението кое наликува на канџа или заб. Tribulus Terrestris растението вирее во топли и суви предели. Потекнува од Јужна Африка, но денес го има и во пределите на јужна Азија и јужна Европа. Ова растение/билка уште одамна се користело како лек за разновидни заболувања кај народната медицина. Но всушност “лекот“ доаѓа/л од дејството на трибулусот (врз нашиот организам) да предизвика поголемо производство (излачување) на машкиот полов хормон тестостерон. Но како ова растение влијае на покачувањето на нивото на тестостерон кај човекот?

Трибулус Терестрис е растение кое припаѓа во групата на стероидни растенија. Се вели “стероидно растение“ бидејќи ова растение има способност да произведува хормони со стероидна структура. Овие хормони уште се нарекуваат и стероидни сапонини (steroidal saponins) бидејќи по молекуларна структура се стероиди и истите во допир со вода создаваат пена. Токму овие стероидни сапонини се главните состојките на еден “Testosteron Booster“ суплемент (тестостерон бустер). Таков е и екстратот од Tribulus Terrestris (трибулус терестрис) кој содржи одреден процент на стероидни сапонини.

Овие стероидни сапонини се всушност “градбени блокови“ на стероидните хормони кај човекот, или со други зборови: поедини делови од стероидите. Со нивно внесување во организмот, се создаваат одлични услови за формирање на комплетен стероиден хормон. Трибулус Терестрис екстратот се користи како суплемент за стимулирање на тестостеронот бидејќи стероидните сапонини од ова растение се такви со кои најмногу се оформуваат машките полови хормони – андрогените, а помалку женските – естрогените. Од андрогените најмногу се создава тестостеронот, токму заради сапонинот – protodioscin кој доколку е во поголема концентрација во однос на останатите сапонини се овозможува тоа. Затоа производителите го оптимизираат овој екстрат во соодветен однос на протодиоскин (protodioscin) со останатите стероидни сапонини. Но секој производител си го фали неговото, така да и илјадници тестови направени, не можат со сигурност да покажат дека постои одреден сооднос на содржината на стероидните сапонини со највисок степен на стимулација на тестостеронот. Тоа е така бидејќи човекот никогаш потполно нема да проучи што точно се случува при создавање на било кое органско соединение во организмот! Постојат и ќе постојат само приближни претпоставки и докази за одредени биохемиски реакции!

Поради големата конкуренција на пазарот за продажба на овој тип на суплемент, постојат разновидни тврдења околу неговиот состав и ефикасност. Два називи постојано кружат околу описот за ефикасноста на трибулус терестрис екстратот, и тоа: “Steroidal Saponins“ и “Protodioscin“. Секој производител или продавач го оптимизира описот во негов интерес, така да немојте секој став да го сфаќате како “здраво за готово“, бидејќи “горе доле“ сите се исти! Она што треба да се внимава е неговото дозирање.

Како и секој стимулатор на тестостерон (Testosteron Booster) суплемент така и овој се користи најмногу во спортот за подобрување на психофизичките перформанси на спортистот. Најупотребуван е во бодибилдингот и фитнесот каде спортистите го користат со цел да ја покачат и зајакнат мускулатурата. Тоа се овозможува бидејќи со покачување на нивото на тестостерон се подобруваат машките карактеристики, а една машка карактеристика е и посилна и поголема мускулна маса (повеќе за тоа во некои од наредните постови). Освен тоа во медицината е наменет за лица со опадната потенција, опаднато либидо, нарушена ерекција, намалена желба за секс, намалена сила и издржливост… Стероидните сапонини од Трибулус Терестрис растението можат директно да влијаат за подобрување на споменатите “несакани појави“, но исто така и индиректно можат да влијаат преку зголемување на нивото на тестостерон. Но како и да е, уште еднаш ќе ги наведам можните придобивки од користење на Трибулус Терестрис екстратот:

  • Зголемено либидо и подобрување на сексуален однос (особено кај мажите)
  • Зголемување на мускулна маса и сила
  • Зајакнување на лигаментите и зглобовите
  • Зголемување на густината на коските и мускулите
  • Подмладување
  • Зголемена плодност
  • Подобрена регенерација од физички повреди/трауми
  • Зајакнување на кожата, косата и забите

Кога се работи за зголемување на мускулната маса, Трибулус Терестрис екстратот е еден од најефективниот суплемент кој се користи а таа цел. Со соодветно комбинирање на друга суплементација, како и соодветен тренинг и исхрана, се добиваат релативно одлични резултати. Но при користење на ваков суплемент, особено со комбинирање на други суплементи се препорачува правилна едукација на корисникот или пак консултација со стручно лице.

InsightFoundry

InsightFoundry

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit

X