“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
Бета Аланин - Што е тоа и како дејствува овој суплемент?

Бета Аланин (Beta-Alanine) е амино киселина која припаѓа во групата на Бета-Аминокисленини и нејзиното име според IUPAC (интернационалната унија за чиста хемија) е 3aminopropanoic acid. Но да не навлегуваме во детали за нејзиниот состав и структура, туку да појасниме зошто се користи бета аланинот како додаток во исхраната за спортисти.

Всушност бета аланинот се користи за да се зголеме количеството на органското соединение Карнозин (Carnosine) во мускулите. Карнозинот се создава во организмот од амино киселнините Beta-Alanine и L-Histidine. Неговата концентрација е највисока во мускулите и мозокот и затоа во храната го има најмногу во месото. Но не се апсорбира директно во крвта, туку најпрво преку дигестивниот тракт се разложува на неговите составни аминокиселини Beta-Alanine и L-Histidine. Потоа овие амино киселини се апсорбираат во крвта, за да подоцна од нив се синтетизира (создаде) Карнозин (Carnosine). Па може да се каже дека со зголемен внес на бета аланин преку исхраната се зголемува и продукцијата на карнозинот. Но што пак се придонесува со зголемената концентрација на Carnosinе во мускулите?

Кога човечкиото тело физички се преоптеретува со максималната моќност (максимална брзина на трошење на енергија) се јавува т.н. анаеробно клеточно дишење. Анаеробното клеточно дишење претставува разложување на гликозата (шеќерот) во клетките без присуство на кислород, со цел да се добие високоенергетското органско соединение АТФ (аденозинтрифосфат), кое пак служи да ја пренесе и оддаде енергијата до сите метаболички процеси, потребни за нормално функционирање на клетката. Вакви анаеробни услови се создаваат кај спортистите кои прават високо интензивни тренинзи, особено во бодибилдингот и фитнесот каде анаеробниот тренинг е основен фактор (услов) за градење на мускулната маса! Но што е карактеристично кај ваквото клеточно дишење и која е поврзаноста со бета аланин суплементот?

Кога спортистите се изложени на високо интензивни тренинзи се создаваат анаеробните услови, односно се јавува недостаток на кислород при работата на метаболизмот. Тогаш се јавува т.н. “задишување“ кое всушност претставува физички показател за тоа дека нашето тело моментално не може доволно да го задоволи метаболизмот со кислород. Кислородот е тој кој воглавно ја разложува гликозата – шеќерот за да се ослободи енергијата во форма на АТФ молекули. Поради ограниченото природно вдишивање (внесување) на кислород, брзината со која се трошат овие АТФ молекули е поголема од брзината на создавање на истите! Е токму во ваквите моменти,  за да се добие што поголема количина на АТФ молекули се јавува анеробното клеточно дишење, каде гликозата без присуство на кислорот се разложува до нејзиниот краен под-продукт т.н. млечна киселина или лактат (Lactat или Lactic Acid), при што се ослободува мала количина на АТФ молекули. Но бидејќи вака добиената енергија  (при отсуство на кислород) е многу мала во однс на енергијата кога се добива при аеробни услуви (при присуство на кислород), за да се задоволи метаболизмот со енергија потребно е многу често разложување на гликозта до крајниот продукт – млечна киселина. Ова соединение индиректно може да се разложи на потребните АТФ молекули, но за тоа секако е потребен килород! Па бидејќи организмот, односно метаболизмот е ограничен со внесувањето на количината на кислородот во организмот, во тие моменти доаѓа до натрупување на млечна киселина во мускулните клетки. Овој отпаден под-продукт потребно е да се изфрли од организмот со дренирање кое се остварува преку лимфните канали. Но дренирањето на лактатот не може да се изврше веднаш и за тоа е потребно малку повеќе време. Така зголемената концентрација на лактат во крвотокот останува за некое време. Па бидејќи молекулите на млечната киселина имаат негативен електрицитет, за да се одржи електричната неутралност во крвта, се ослободуваат позитивните јони  на водород H+ од клетките. Овие јони на водородот се всушност отпадните продукти од метаболичките процеси.

Но за смтка на оваа одбрана на органзимот за одржување на електричната неутралност се добива зголемена количина на H+ во крвта, а со тоа и намалена pH вредност.  При опаѓање на pH вредноста, крвта се закиселува и тогаш ние луѓето чувствуваме замор! Всушност чувството на замор представува предупрдителен сигнал за опасност од смрт при продолженото опаѓање на pH. После овој сигнал потребно е телото да одмори т.е. да не се оптеретува физички со цел да се задоволи со кислород и продуцира доволно АТФ молекули. Со задоволување на организмот со кислород бројот на водородните јони постепено се намалува и pH вредноста во крвта се нормализира, па чувството на замор постепено се намалува.

Процесот на закиселување на крвта (заморот) во човечкото тело при високо интензивни тренинзи е битен да се знае за да се свати ефикасноста на Бета-Аланинот како додаток во исхраната. На почеткотот напоменавме дека бета аланин суплементот всушност се користе за да се зголеме количеството на органското соединение карнозин (Carnosine) во мускулите. Токму ова соединение има способност да ги апсорбира позитивните јони  на водород H+. Па може да се заклучи дека со зголемена концентрација на карнозин во мускулите се намалува количеството на H+, при што се зголемува pH во крвта (се намалува киселоста), а со тоа и заморот се намалува! Но нормално зголемувањето на количеството на карнозин во мускулите е ограничено, па ограничена е и ефикасноста на бета аланинот за облажување на заморот. Но сепак, Бета-Аланинот како суплемент значително може да го продолжи времето на отказ на вежбање (закиселување) при високо-интензивниот тренинг.

Ова значи дека ние ќе бидеме во состојба да потрошиме повеќе енергија со конзумирање на бета аланин суплементот, отколку без дополнително конзумирање на истиот. Со ова се овозможува олеснато предизвикување на калориски дефицит, кој го потикнува согорувањето на поткожните масти, кои пак го нарушуваат естетскиот изглед на мускулатурата! Втората придобивка од намалениот замор при користењето на бета аланин суплементот е поефикасното расцепување на мускулните влакна за време на анаеробен тренинг, кое го потикнува растот на мускулатурата преку формирање на нови мускулни влакна (muscle hyperplasia). Но покрај овие две придобивки од бета аланинот, поради зголеменото ниво на карнозин во мускулните клетки (влакна) се јавува и зголемување на мускулатурата преку зголемување на големината на истите (muscle hypertrophy).

Бета Аланин амино киселината реко се наоѓа и користи поединечно како суплемент, туку најчесто е една од главните состојки на pre-workout суплементите или пак доста често се наоѓа како комбинација со кретинот. Но за да се извади максималната придобивка што може овој суплемент да ви ја донесе, потребно е негово соодветно користење! Ова значи дека во однос на вашите цели, генетски карактеристики, тренингот, исхраната, итн. треба да изберите соодветно комбинирање на бета аланин со друг суплемент, со соодветно нивно дозирање. Доколку сметате дека не сте доволно запознаени со нештата, препорачливо е консултирање со стручно лице.

InsightFoundry

InsightFoundry

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit

X