Menu
Јохимбе - Што е тоа и како дејствува овој суплемент?

Yohimbe Extrat

Yohimbe Extrat е всушност екстрат од кората на дрвото Јохимбе (Pausinystalia Yohimbe) од Средна Африка. Во кората на ова дрво се содржи едно уникатно органско соединение Јохимбине (Yohimbine), чие име е добиено по називот на дрвото. Екстратот од јохимбе бил користен во ветеринарната медицина како замена за седативно средство (дрога за смирување) кај кучињата и елените. Во традиционалната медицина во Јужна Африка, екстрат од јохимбе се користел како афродизијак т.е. суплемент кој придонесува за зголемување на желбата за секс.

Всушност овој суплемент се употребува само заради неговата активна состојка јохимбине (yohimbine) која по структура е алкалоид (indole alkaloid). Во денешно време постојат многу ставови околу позитивните ефекти од неговата употребата, како и многу можни несакани ефекти. Ако започнето со пребарувања и истражувања околу ефикасноста на јохимбето како суплемент тотално ќе се збуните! Тоа е така бидејќи всушност овој суплемент носи, колку позитивни ефекти, толку и негативни ефекти! Секој став околу овој суплемент е формиран и оптимизиран за соодветна цел, односно корист! Па бидејќи секој “автор на став“ има различен вид на цел и корист, постојат многу разновидни ставови/описи околу јохимбе суплементот. Но што е она реалното што треба ние да го знаеме за оваа состојкајохумбине?

Јохимбине всушност е органско соединение чија структура е таква да може да се врзува за Алфа 2 рецепторот (Alpha 2 adrenergic receptor) и притоа да не го активира истиот. Дрогите, односно соединенијата кои се врзуваат за одредени рецептори и не ги активираат истите, се нарекуваат антагонисти (receptor antagonist) или блокатори (receptor blocking agent). Затоа јохимбинето се нарекува и уште како алфа 2 антагонист  (Alpha 2 antagonist) или алфа 2 блокатор (Alpha 2 blocker).

Алфа 2 рецепторот е адренорецептор (adrenergic receptor) кој може да се активира само со кетохоламини (catecholamines). Овие органски  соединенија делуваат и како хормони и како невротрансмитери. Ако соодветниот кетохоламин дејствува на адренорецептори кои се лоцирани на некој нерв или неврон, тогаш се нарекува невротрансмитер, но ако делувањето на кетохоламинот е на било која друга клетка, тогаш пак се нарекува хормон. Како и да е, она што треба да се запомни е дека кетохоламините ги активираат адренергичните рецептори: (adrenergic receptors) Alpha 1, Alpha 2, Beta 1, Beta 2 и Beta 3. Секој од рецепторите активира соодветно дејство во клетката каде што е сместен истиот. Посимболично може да се каже дека секој од рецепторите претставува како еден вид на тастер за активирање на соодветно дејствие во клетката. Кетохоламините пак имаат способност да се врзуваат за овие рецептори, односно можат да им дадат импулс на “тастерите“ за да се изврши соодветното дејство во клетката. Како најпотентни кетохоламини се норадреналин – noradrenaline (norepinephrine) и адреналин – adrenaline (epinephrine). Бидејќи овие два хормони, односно невротрансмитери ги активираат адренергичните рецептори, се нарекуваат адренергични хормони или хормони со адренергичен ефект. Но да не навлегуваме многу, да се држиме на темата т.е. описот на ефектите од јохимбе суплементот. Погоре рековме дека јохимбинето е блокатор на алфа 2 рецепторот, но што всушност значи тоа и кои се ефектите со внесување на едно вакво соединение во организмот?

Со внесување на јохимбинето во организмот (најчесто преку екстрат од јохимбе) се оневозможува активација на алфа 2 рецепторот, а тоа се остварува преку негово врзување со рецепторот, без да го активира истиот. Значи јохимбинето го блокира алфа 2 рецепторот на тој начин што го завзема местото на потентните адренегични хормони кои само тие можат да го активираат. При внесување на јохимбине во организмот ке бидат оневозможени активностите од алфа 2 рецепторот, а како најбитни активности на Alpha 2 се:

  • инхибирање (спречување) на инсулинот да се ослободува (излачува) од панкреасот;
  • потикнување (подржување) на глукагонот да се излачува од панкреасот;
  • инхибирање на излачување на норадреналинот преку негативната повратна врска;
  • контракција (стеснување) на цревните органи од дигестивниот тракт и
  • зголемена агрегација на тромбоцити (побрзо и поефикасно засирување на крвта при надворешно крварење).

Од интерест на спортистите е оневозможувањето на третата активност, при што спречено е инхибирањето на норадреналиот, односно овозможено е зголемено излачување (создавање) на истиот, а со тоа и адреналин бидејќи норадреналинот е прекурсор (предходник) на адреналинот. Двата хормони делуваат на активирање на останатите адренергични рецептори Alpha 1, Beta 1, Beta 2 и Beta 3.  Но за да го утврдиме ефектот од покачувањето на нивото на норадреналинот и адреналинот во крвта, потребно е да ги истакниме најбитните дејствиа (активности) на овие рецептори.

Алфа 1 дејствo:

  • котракција на мазните мускули – предизвикува вазоконструкција (стеснување) на многу крвни садови вклучувајќи ги оние на кожата, дигестивниот тракт, бубрезите и мозокот;

Бета 1 дејствo:

  • зголемена работа на срцето (зголемен пулс)
  • зголемена секреција на гренлинот (ghrelin) во стомакот – “хормон на ситост“
  • зголемена секреција на ензимот ренин (renin) кој придонесува за повисоко ниво на алдостерон

Бета 2 дејствo:

  • релаксација на мазните мускули – предизвикува вазодилатација (ширење) на крвните садови, особено на крвните садови кај скелетните мускули
  • зголемена липолиза (lipolysis) во адипоцитното ткиво
  • зголемен анаболизам во скелетните мускули
  • дилатација на артериите до скелетните мускули
  • зголемена гликогенолиза (glycogenolysis) и глуконеогенеза (gluconeogenesis)
  • стимулација на секрецијата на инсулин
  • контракција на цревните органи од дигестивниот тракт
  • зголемена секреција на ензимот ренин (renin) од бубрезите
  • зголемена секреција од плунковната жледа
  • инхабирање на ослободување на хистаминот од мастоцитите (градните клетки)
  • релаксација на незабремена матка
  • релаксација на “detrusor urinae muscle“ (мазен мускул кој е дел од зидот на мочниот меур) – тежнеење на складирање на урина (моч) во мочниот меур

Бета 3 дејствo:

  • зголемена липолиза (lipolysis) во адипоцитното ткиво

Значи сите овие активности реално го формираат ефектот од јохимбинето т.е. алфа 2 блокаторот. Може да се каже дека јохимбе суплементот делумно ги стимулира адренергичните хормони, односно стерс хормоните.  Делумно се мисли бидејќи активностите од алфа 2 рецепторот се блокирани за извршување, но затоа пак се извршуваат активностите од алфа 1, бета 1, бета 2 и бета 3.

Од досега кажаното може да се заклучи дека со конзумирање на екстрат од јохимбе како додаток во исхраната, имитираме ситуација во која нашиот организам се доведува во стресна состојба. Ефектите кои се добиваат од оваа делумна стрес состојба на организмот можат да ни бидат од корист при обиди за ослободување од нашите трвдоглави поткожни масти, зголемување на силата и издржливоста, зголемување на либидото, како и подобрување на перформансите на мускулатурата.

Јохимбе суплементот може да се најде на пазарот и во течна состојба и во прашок/капсули форма. Најчесто се наоѓа како екстрат од кората на дрвото јохимбе (Yohimbe Extrat) во кое се содржи одреден процент (1-4%) на јохимбине. Ова е поефтина варијанта на јохимбе суплементот. Поретко се наоѓа и како јохимбе хидрохлорид (Yohimbe HCL) т.е. како раствор на јохимбине и вода. Ова е поскапа варијанта на јохимбе суплементот, но помоќна. Екстрат од јохимбе и јохимбе хидрохлорид се доста чести состојки на разновидни топачи (thermogenic supplement) и пумпачи (pre-workout supplement) кои пак се доста користени во бодибилдингот и фитнесот.

Со неправилно конзумирање на ваков  суплемент може да се појават разновидни несакани ефекти како што се: висок крвен притисок (хипертензија), шеќерна болест (дијабетес), ослабување на срцето, намалување на работата на дигестивниот систем, … Затоа, доколку сте заинтересирани за користење на јохимбе како суплемент, препорачливо е консултирање со веќе докажано стручно лице!

Share this Post!
About the Author : Igor Lapchev
0 Comment

Leave a Comment

Your email address will not be published.