Тироидна жлезда и Тироидни хормони

Share on facebook
“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
Тироидни Хормони, Тироидна Жлезда и Метаболизам?

Што е тероидна жлезда и која е нејзината функција?

Тироидна жлезда – една од најбитните ендокрини жлезди за нормално функционирање на метаблизмот! Зошто е тоа така? Оваа ендокрина жлезда е сместена непосредно под гркланот, од двете страни на душникот (веднаш под Адамавото јаболко). Има форма на штит и затоа уште се нарекува и како штитна жлезда. Истата е од голема важност, бидејќи во неа се излачуваат (создаваат) двата тироидни хормони кои имаат големо влијание врз целокупниот метаболизам. Тоа се тироксин Т4 (thyroxine или tetraiodothyronine) и тријодотиронин Т3 (triiodothyronine), а истите со помош на одредени ензими се синтетизираат (создаваат) од јод (iodine) и тирозин (tyrosine).

Функцијата на тироидните хормони Т3 и Т4 е да ја регулираат брзината на одвивање (работа) на метаболички процеси во човечкиот организам. Ова значи дека доколу концентрацијата на тироидните хормони во крвта е помала од нормалната, се работи за бавен метаболизам, но доколку нивната концентрација е поголема тогаш станува збор за брз метаболизам.

Како функционира регулацијата на една тироидна жлезда за излачување на тироидни хормони?

Во однос на активирањето на соодетните рецептори на клетките за побрзо извршување на метаболичките процеси, тироидниот хормон Т3 е 4 пати попотентен (помоќен) од Т4 и има помал период на полураспаѓање од 2,5 дена, додека Т4 е помалку потентен со период на полураспаѓање од 6,5 дена. При нормално функционирање на тироидната жлезда, 80% се излачува Т4, а само 20% се излачува хормонот Т3. Но затоа пак, 80% од тријодотиронинот Т3 се добива од тироксин Т4 со губање на еден атом на јод, а само 20%  од тироксинот директно е произведен од тироидната жлезда. Значи 80% од тријодотиронинот кој циркулира во крвта се добива од конверзија на Т4 во Т3.

Производството на овие хормони е потикнато од стимулирачкиот хормон thyroid-stimulating hormone (TSH) кој пак се излачува од хипофизата. Регулацијата на концентрацијата на тироидните хормони во крвта се извршува преку HypothalamicPituintaryTheroid axis или накратко HPT axis (Хипоталамус-Хипофиза-Тероидеа оска), каде регулацјата се извршува со негативна повратна врска. Кога нивото на тироидните хормони Т3 и Т4 во крвта ќе опадне под нормала, од хипоталамусот се ослободува ослободувачкиот хормон thyrotropinreleasing hormone TRH кој делува на хипофизата на тој начин да ја зголеми продукцијата на thyroid-stimulating hormone (TSH). Со вака зголемена продукција на стимулирачкиот тироиден хормон TSH, автоматски се зголемува стимулацијата на тироидната жлезда (тироидеата) да произведе повеќе Т4, а со тоа и Т3. Оваа наредба која доаѓа од мозокот т.е. хипоталамусот преку TRH се извршува се додека не се нормализира нивото на тиродните хормони во крвта. Ако пак се зголеми нивото на Т3 и Т4 во крвта, хипоталамусот реагира на тој начин што од него се ослободува хормонот соматостатин (somatostatin) кој делува на хипофизата на тој начин што ја намалува продукцијата на стимулирачкиот тироиден хормон TSH, при што автоматски се добива намалена продукција на Т3 и Т4. Соматостатинот се ослободува од хипоталамусот се додека на каже “стоп“ истот т.е. не се намали до нормала концентрацијата на тироидните хормони во крвта. Значи главен “диригент“ на оваа регулација е хипотамалусот (дел од мозокот) кој континуирано врши мерење и врз основа на тоа мерење дава соодветни команди.

Како тироидната жлезда, односно тироидните хормони влијаат врз метаболизмот на човекот?

Тироидните хормони triiodothyronine Т3 и thyroxine Т4 имаат огромно влијание врз метаболизмот, бидејќи истите имаат директно учество врз регулацијата/одвивањето на сите метаболички процеси во човечкиот организам. Тоа значи дека при зголемено присуство на тироидни хормони (Т3 и Т4) се овозможува поефикасно и побрзо извршување на метаболичките процеси, додека при намалено присуство на Т3 и Т4 се отежнува и забавува одвивањето на метаболичките процеси.

При извршувањето на метаболичките процеси, без разлика дали тоа е некој анаболички или катаболички процес, имаме хаотично движење на молекулите и атомите. Дел од кинетичката енергија кои ја поседуваат молекулите при хаотичното движење ја оддаваат во надворешната средина преку судирање на истите со молекулите од надворешната средина. Овој дел од енергијата кој се губи во надворешната средина во физиката се нарекува топлина или топлинска енергија. Ефектот при кој се ослободува топлина од човекот како резултат од работата на метаболизмот, се нарекува термогенеза (thermogenisis), или пак со дуги зборови, термогенезата представува процес на производство на топлина во организмот.

Кај луѓето со брз метаболизам имаме поголемо ослободување на топлина од телото, а тоа се должи на зголеменото лачење на тироидни хормони. Поради поголемото производство на топлина, поголема е и целокупната потрошачка на енергија на телото. Според тоа луѓето со побрз метаболизам се карактеризираат со слаби/витки тела и истите имаат проблеми со зголемување на тежина. Овој тип на тело во медицината се нарекува ектоморф (Ectomorph). Луѓето пак, со бавен метаболизам имаат помало производство (ослободување) на топина, кое се должи на намалената конценрација на тироидни хормони. Затоа кај нив е намалена целокупната потрошачка не енергија и истите се карактеризираат со дебели/подуени тела. Овој тип на тело во медицината се нарекува ендоморф (endomorph). Телата со нормален/идеален метаболизам се нарекуваат мезоморфи (mesomorph) кои се карактеризираат со нормална тежина и форма на телото.

Нормална и здрава тироидна жлезда (штитна жлезда) е клучен фактор за правило функционирање на метаболизмот! Во однос на продукцијата на тироидните хормони имаме два вида на чести болести кај човекот, а тоа се хипотироидизам (hypothyroidism) и хипертироидизам (hyperthyroidism), но за нив повеќе во други постови.

Igor Lapchev

Igor Lapchev

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit

X