Menu
Термогеник или т.н. Топач на Масти - Како дејствува?

Thermogenic Supplement

Термогеник (Thermogenic Supplement) е суплемент кој се користи заради неговата главна придобивка: согорување (топење) на масти. Затоа уште се нарекува и топач или согорувач на масти (fat burner). За да се разбере како всушност работи (делува) термогеникот потребно е дополнително познавање од физиката. Затоа на наједноставен начин ќе се обидам да го обаснам делувањето на топачот врз човечкиот организам.

Термогеникот (thermogenic supplement) е таков суплемент во чиј состав влегуваат оние органски и неоргански соединенија кои индиректно или директно предизвикуваат зголемување на брзината на метаболизмот. Ова значи дека сите метаболички (анаболички и катаболички) процеси ќе се одвиваат побрзо, со што се зголемува и средната кинетичка енергија на молекулите во организмот. Оваа кинетичка енергија во нашето тело ја викаме телесна температура. При зголемување на температурата се зголемува и оддавањето на топлинска енергија од човечкото тело. Ова е резултат на забрзаното хаотично движење на молекулите, бидејќи при тоа движење дополнително се троши енергија при судирите на молекулите кога се одвиваат биохемиските реакции. Всушност можеме да кажеме дека човечкото тело е како грејно тело (грејач) и ако на овој грејач му се покачи температурата, истото ќе оддава повеќе топлинска енергија. Значи потрошувачката на енергија е зголемена со зголемување на телесната температура, па нашиот организам ќе троши повеќе енергија без разлика на физичките активности. Токму затоа и топачите првично се користат, за да на некој начин ја зголемат телесната температура и притоа се овозможи поголемо оддавање на топлина од организмот. Од таму доаѓа и името термогеник (thermogenic), бидејќи со негово користење имаме зголемена термогенеза (thermogenesis).

Во денешно време се произведуваат разновидни термогеници (топачи), кои во зависност од нивниот состав носат разни продобивки. Но затоа пак јас ќе ја направам следната поделба според која сметам дека ќе ви користи. Поделбата е според потентноста на овие прозиводи, односно според нивната потенцијална способност да предизвикаат зголемено производство на топлина во организмот. Тоа се две поделби, и тоа:

  • Ниско-Потентен Термогеник (Low-Potency Thermogenic)
  • Високо-Потентен Термогеник (High-Potency Thermogenic)

Високо-потентните се оние појаките, поефикасните, но истовремено и поопасните по здравјето. Овие термогеници се карактеризираат со релативно високи кличини на одредени супстанции кои имаат способност да предизвикуваат забрзување на работата на соодветните метаболички процеси во организмот. Во овие термогеници можат да се најдат и синтетички хормони (антагонисти и гонисти) кои драстично можат да влијаат на метаболизмот. Во ниско-потентните топачи пак, вакви синтетички хормони нема, туку само можат да содржат супстанции кои ги стимулираат природните хормони.  Исто така, кај ниско-потентните термогеници количината на соединенијата, односно состојките е помала и затоа се сметаат за побезбедни за користење за разлика од високо-потентните термогеници каде покрај добрите придобивки, присутни се и лоши/несакани ефекти.

Најбитните и најчесто-користените состојки во термогениците се: кофеин (caffeine), ефедрин (ephedrine), Т43 (thyroxine/triiodothyronine), гуарана (guarana), екстрат од зелено кафе (green coffee extrat), екстрат од зелен чај (green tea extrat), јохимбине (yohimbine), гарсинија камбоџија (garcinia cambogia), тирозин (tyrosine), јод (iodine), Б6 (vitamin B6), 5-HTP (5-hydrohytryptophan), CLA (conjugated linoleic acid), синефрин (citrus aurantium/synephrine/bitter orange). Овие соединенија најчесто се во меѓусебна комбинација кој го формираат соодветниот топач (термогеник), како и во комбинација со многу други соединенија. Но исто така овие состојки се произведуваат (среќаваат) и поединечно. Л-Карнитинот (L-Carnitine) кој претставува директен подржувач на топењето на масти е одличен за комбинирање со термогеник суплементот. Токму и затоа и карнитинот е многу честа состојка во топачот како суплемент. Ова значи дека, соколку термогеникот содржи л карнитин, нема потреба од дополнително комбинирање.

Топчачите се доста користени од страна на спортистите па и пошироко, но малкумина знаат да ги искористат онака како што е потребно и корисно. Тоа е така затоа што најчесто корисниците за време на нивното конзумирање не внимаваат на внесот и трошокот на енергија, а сакаат да ги намалат нивните вишок килограми.

Примарно како гориво за енергија телото го користи шеќерот (глукозата и гликогенот), но откако овие залихи се испразнат телото почнува да ги катаболизира (разложува) мастите и истите ги користи како енергија преку нивно директно согорување или индиректно претварање во глукоза. Се што треба да направиме за да успешно согоруваме масти е да трошиме повеќе калории одколку што внесуваме! Ако го правиме обратното тогаш вишокот калории се конвертира во масти, кои пак воглавно се складираат под кожата како резерва за енергија. Токму оваа резерва за енергија ги покрива убавите “облини“ на совршеното човечко тело и истото се деформира!

Со топачот се овозможува дополнително трошење на енергија на организмот, преку зголемено производство на топлина. Ова значи дека термогеник суплементот може само да помогне/олесне во процесот на согорување на мастите, но не и да биде главен фактор за слабеење и сл! Покрај зголеменото производство (ослободување) на топлина кое се јавува како резултат на забрзанот метаболизам, исто така топачот може да помогне во топење на мастите преку зголемената ментална и физичка издржливост, зголемената сила како и намелниот (потиснатиот) глад. Со овие придобивки се овозможува корисникот да троши повеќе енергија на тренинзите, а помалку да внесува преку исхраната.

Нормално најголем дел од луѓето не знаат, или пак не се во можност да го избалансираат овој внес и излез на енергија. Затоа пред да се започне со користење на топач (термогеник), препорачливо е дополнително консултирање со стручно лице, особено при земање на високо-потентен термогеник!

Share this Post!
About the Author : Igor Lapchev
0 Comment

Leave a Comment

Your email address will not be published.