Слабеење – Што е тоа и како до здраво слабеење?

Share on facebook
“Човечкото тело е најкомплицираниот систем досега создаден. Колку повеќе учиме за него, толку пoголема благодарност имаме за тоа каков систем на достигнување е.“ - Bill Gates
Слабеење – Што е тоа и како до здраво слабеење?

Слабеење (weight loss) е физиолошка појава на намалување на телесната тежината. Слабеењето е честа потреба од страна на човекот која се јавува со цел да се подобри здраствената состојба или пак да се подоби физичкиот изглед. Но исто така слабеење на човечкото тело може да се јави и како несакан ефект при разни заболувања. Како и да е, во денешно време скоро секој човек во текот на животниот век се соочува со потребата од слабеење. Токму и затоа слабеењето е мета на многу бизниси, кои преку разновидни начини ја користат оваа потреба да профитираат. Тие профитираат директно или индректно преку нудење на одредени решенија. Но не сите од овие понудени решенија се вистинити, туку голем дел од истите се лажни! Лажните понудени решенија се формираат како резултат на вашата недоволна едуцираност за функционалноста на човечкото тело и желбата за брзо/безболно слабеење.

Како можеме да ја менуваме, односно намалуваме телесната тежина? Масната маса (салото), мускулната маса и задршката на вода во крвта се трите главни променливи фактори со кои можеме да ја менуваме телесната тежина (телесната маса). Според тоа, слабеење може да се оствари преку:

  • Намалување на масната маса
  • Намалување на мускулната маса
  • Намалување на задршката на вода во крвта

Кога се работи за “намалувањето на телесната тежина“ обично се мисли на намалување на масната маса, бидејќи ретки се случаевите кога имаме потреба од намалување на мускулната маса и намалување на задршката на вода во крвта. Масната маса е дел од телесната маса која скоро секогаш се јавува како вишок во човечкото тело. Тоа е така бидејќи истата настанува како резултат на неискористената вишок енергија. Тукму и затоа кога се зборува за намалување на телесната тежина се мисли на намалување на вишокот масна маса – “салото“.

Како се формира вишокот на масна маса и зошто сакаме да се ослободиме од неа? Масната маса ја сочинуваат белите масни клетки (white fat cells), односно белите адипоцити (white adipocytes). Овие масни клетки во најголема мера се наоѓаат под кожата каде истите ја формираат поткожнта маст (subcutaneous fat), но исто така во минимални количини се наоѓаат во внатрешноста од стомакот околу органите формирајќи ја т.н. висцералната маст (visceral fat). Белите адипоцити имаат функција да акумулираат триглицериди (масти), кои при кризни ситуации на дефицитарност на шеќер се користат како единствен извор за добивање на енергија. Всушност адипоцитите се еден вид на резервоари во кои се складираат мастите како резервно гориво за енергија. При акумулацијата на мастите во белите адипоцити, волуменот и масата на истите се зголемува. Како резултат на ова се јавува зголемена масна маса – “сало“, а со тоа и зголемена телесна маса – “дебелеење“.

Бидејќи во најголема мера белите масни клетки се наоѓаат под кожата,  формираната поткожна маст придонесува за деформирање на нормалниот телесен изглед. Колку повеќе ја зголемуваме количината на поткожната маст, толку повеќе ја покриваме нашата нормална дефинираност на телото. И токму затоа, неслучајно ова е најголемата причина за ослободување на овие вишок килограми е честа кај популацијата. Исто така вишокот масна тежина не прави нас да бидеме тромави, спори и лесно заморливи, бидејќи истата дополнително ги оптеретува нашите скелетни мускули, па и органите.

Како се мери слабеењето, односно како се мери напредокот при обидот за намалување на телесната тежина? Скоро секој човек кој се обидува да го намали салото врши мерење на неговата телесна тежина со тоа што го прати неговиот напредок. Но овој начин на пратење на напредокот не се препорачува бидејќи на вагата ние не можеме да ја издвоиме масната маса, туку ја мериме целокупната маса на телото. Покрај масната маса, на промената на телесната тежина исто така можат да влијаат и мускулната маса и задршката на вода во крвта. На пример доколку ние на вагата измериме дека 5 кг сме ослабнале, во овие 5 кг изгубени може да се вклучени и мускулната маса и водената маса. Можеби од тие 5 кг сме изгубиле 3 кг од масната маса и 2 кг од мускулната маса, или сме изгубиле 4 кг мускулна маса и 1 кг водена маса. Или пак полошо може да се случи да сме намалиле 5 кг телесна маса, а всушност ние сме намaлиле 6 кг мускулна маса и зголемиле 1 кг масна маса (сало). Можни се секакви варијанти на промени на гореспоменатите три фактори и затоа не се препорачува мерењето на телесната тежина (маса) да ни биде мерило за тоа дали и колку ние сме намалиле од масното ткиво – салото. Мерка за намалување на масната маса може да биде телесната тежина само доколку сме сигурни дека не правиме никаква промена на мускулната маса и задршката на вода во крвта. Тоа се остварува со соодветно избалансиран внес на нутриенти, прилагоден за одредено лице. Доколку не знаете да го избалансирате соодветно вашиот внес на нутриенти потребна е консултација со стручно лице или пак препорачлива варијанта за мерење на вашиот напредок е пратење на дефинираноста/чистината на вашата мускулатура со повремено фотографирање на горниот дел од телото.

Мерењето на тежината на телото може да биде мерило за напредокот само доколку нашата цел биде да намалиме телесна маса без разлика дали е тоа мускул, сало или вода. Но овој пристап е нездрав и не се препорачува на никој. Здраво слабеење е она при кое ние губиме вишок тежина, а тоа најчесто е намалување на масното ткиво. Може да се случи вишок тежина да биде мускулот и водата, но тоа се ретки случаеви поврзани со разни болести и екстремни спортови при кои ние ќе бидеме запознати со тоа.

Исто така како мерка за здравото слабеење не треба да биде мерење на обемот на половината бидејќи ние дури и да забележиме на тој начин дека сигурно сме намалиле од салото, може да се случи при обидот на намалување на масното ткиво да сме изгубиле и од мускулната маса.

Како до намалување на масното ткиво (топење на мастите) без губиток на здравата тежина? Како што напоменавме погоре масната маса се состои од масни клетки (адипоцити) кои се полнат со масти (триглицериди). Според тоа, за да се намалува салото (масната маса) потребно е овие масни клетки да ослабнуваат, однодно да се “празнат“ од триглицеридите. Празнењето на адипоцитите од мастите се остварува единствено само доколку во организмот се јави дефицитарност (недостаток) на шеќер. За да се предизвика оваа ситуација на дефицитарност на шеќер, потребно е да внесуваме помала количина на шеќери (моносахариди) во однос на количината која нашиот организам ја троши за добивање на енергија (во единица време). Со ова се овозможува организмот да ја користи резервната енергија, а тоа е енргијата добиена од резерните масти т.е. мастите сместени во белите адипоцити. Во кризна ситуација за шеќер триглициридите кои се ноѓаат во белите масни клетки од салото, преку посебен биохемиски процес се катаболизираат (разложуваат) на составните масни киселини и глицерол. Понатаму овие катболити на триглициридите се ослободуваат (излеваат) од белите масни клетки во крвотокот, за да истите понатаму бидат доставени до црниот дроп. Во црниот дроп масните киселини и глицеролот се користат како основа за создавање на шеќер (глукоза/моносахарид), преку процес наречен глуконеогенеза (gluconeogenesis) и истите понатаму се искористуваат за добивање на енерија (преку создавање на високоенергетско соединение аденозинтрифосфат). Со самото празнењето на белите масни клетки од триглицериди, соодветно се намалува и масната маса (салото). Oвој процес кај народот е познат и како “топење на масти“, “согорување на масти“, “губење на масти“ или “чистење на масти“. За да се оствари здравото слабеење, односно топење на мастите без губиток на здравата тежина, покрај дефицитарноста на шеќер во организмот потребен е и доволен внес на протеини, масти, витамини, минерали, електролити и вода, со цел да се одржи нормална функција на телесните клетки или со други зборови да се задржи здравата телесна маса. Доколку не се оствари овој задоволителен внес на нутриенти, телесните клетки и ткива ќе започнат приоритетно да изумираат, односно да се распаѓаат (катаболизираат). На пример доколку не внесуваме доволно протеини, први на мета за распаѓање се скелетните мускули, чии катаболити ќе бидат искористени за потхранување на останатите телесни клетки од организмот. Со ваквото распаѓање на телесните клетки, автоматски добиваме намалување на здравата телесната маса.

При обидот за слабеење, губење на здрава телесна тежина никогаш не треба да дозволиме да се случи, бидејќи соодветно на тоа ја нарушуваме и нормалната работа на организмот како функционална целина, со што се придонесува за можна понатамошна појава на разни заболувања.

Igor Lapchev

Igor Lapchev

Leave a Replay

Sign up for our Newsletter

Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit

X