Menu
Што е Метаболизам?

Што е метаболизам?

Честопати го слушаме поимот метаболизам, како и “брз метаболизам“ или “бавен метаболизам“, но малкумина ја  разбираат нивната суштина! Метаболизмот претставува систем (сложен процес) од повеќе биохемиски процеси кои соодветно ја трансформираат енергијата добиена од храната, со цел да се задоволат одредени потреби за нормално одвивање на сите животни функции.

Човечкиот метаболизмот е сложен балансирачки процес во кои се одвиваат два вида на подпроцеси во исто време: анаболизам – изградба на телесните ткива и складирање на енергија и катаболизам – разградба на телесните ткива и резервите од енергија со цел да се добие повеќе горивен материјал за задоволување на потребите од енергија на телесните функции. Обично кога ќе се каже зборот “метаболизам“, како и “анаболизам“ и “катаболизам“, се однесува на целокупниот човечки метаболизам. Но зборот “метаболизам“ може да се однесува и за поединечен биохемиски процес, орган, клетка, ткиво, органско соединение,…, како што се на пример: “метаболизам на црн дроб“, “метаболизам на скелетните мускули“, “метаболизам на холестерол“, “метаболизам на протеин“, “метаболизам на хормон за раст“, … Може да се заклучи дека зборот анаболизам значи “изградба“, а катаболизам значи “разградба“.

Секое човечко тело се карактеризира со одредена фреквенција (стапка) на метаболизмот, односно брзина на одвивање на биохемисите процеси во човечкиот организам. Некои процеси може да бидат побавни, а некои пак побрзи. Средната брзина на одвивање на сите процеси во организмот ја дава брзината на метаболизмот, односно го карактеризира истиот дали е бавен или брз. Брзината  на одвивањето на биохемиските метаболички процеси во организмот воглавно е регулирана од тироидниот хормон Т3 (тријодотиронин). И во зависност од генетиката т.е. колку овој хормон се продуцира кај човекот, постојат три типа на човечки тела и тоа:

  • Ектоморф (ectomorph) – Тип на човечко тело кое се карактеризира со брз метаболизам.
  • Мезоморф (mesomorph) – Тип на човечко тело кое се карактеризира со нормален/идеален метаболизам.
  • Ендоморф (endomorph) – Тип на човечко тело кое се карактеризира со бавен метаболизам.

Битно е да се знае дека фреквенцијата (брзината) на метаболизмот индиректно влијае врз “дефинираноста“ – надворешниот изглед на телото! Затоа и некои особи имаат поголема тенденција кон дебелеење, додека некои повеќе кон слабеење. Доколку сакаме нешто да промениме во врска со надворешниот телесен изглед, а воедно не сме добро запознаети со овие работи, препорачлива е консултација со стучно лице пред да започнете со било каква намера за промена! Ова е важно бидејќи најчесто по неуспешните обиди за постигнување на посакуваната промена, често доаѓа до разочарување, а со тоа и појава на депресија!

За влијанието на метаболизмот врз надворешниот телесен изглед, повеќе во некои од наредните постови.

Share this Post!
About the Author : Igor Lapchev
0 Comment

Leave a Comment

Your email address will not be published.