Menu
Глутамин - Што е тоа и какво дејство има овој суплемент?

L-Glutamine

L-Glutamine е условно есенцијална амино киселина. Ова значи дека покрај внесот на глутамин амино киселината преку исхраната, истата може да се синтетизира (создаде) и во човечкото тело при посебни патофизиолошки услови како што е предвременото породување на дете и при тешка катаболично стресна ситуација кај поединци. L-Glutamine (Л-Глутамин) е една од 20-те составни амино киселини (градливи блокови) на протеинот, како и најзастапената “слободна“ амино кислелина во телото. Околу 90% од продукцијата на оваа амино киселина се врши во мукулите, а останатиот дел во мозокот и белите дробови. Глутаминот учествува во многу метаболички процеси во човечкото тело, затоа секогаш треба да ја има во изобилие.

Факт е дека големината на чистата мускулна маса кај човекот е пропорционална со брзината на метаболизам. Затоа доколку сакаме да ја зголемуваме мускулната маса и да го намалуваме масното ткиво истовремено, паралелно треба да го зголемуваме и внесот на глутамин за да може истиот доволно да ги задоволи потребите на соодветните метаболични (анаболични и катаболични) реакции во организмот. Посебно е изразена потребата за глутамин во периодите после високоинтензивните тренинзи кај спортистите (или пак при било каква високо интезнивна физичка работа), кога е нагло зголемена брзината на метаболизмот, предизвикана од одбрамбениот механизам кој е резултат на физички нанесениот стрес. Во такви моменти нагло опаѓа нивото на глутамин во крвта и само тогаш се активира негово создавање, но за да се врати глутаминот во задоволителна количина потребно е повеќе време. Заради ова, не може навреме да бидат задоволени потребите од глутамин за соодветните метаболички реакциии и доаѓа до опаѓање (катаболизирање) на мускулната маса, а со тоа и опаѓање на брзината на метаболизмот. Затоа спортистите кои изведуваат високо интензивни тренинзи, особено бодибилдинг и фитнес вежбачите имаат потреба од дополнително внесување на L-Glutamine како додаток во исхраната. Со задоволување на количината на глутамин во организмот, спортистите спречуваат катаболизирање (распаѓање) на истиот, кое пак може да се појави како резултат на недостаток на глутамин. Најчеста примена на л-глутамин суплементот има кај бодибилдинг и фитнес вежбачите кои го користат со цел да ја спречат катаболизацијата на мускулите. Затоа и глутаминот во денешно време уште се нарекува и како антикатаболик тип на суплемент. Еден просечен антикатаболик тип на суплемент е составен од L-Glutamine и BCAAs, кои заедно делуваат најдобро за брз опоравок при/после напорен тренинг. А кога има брз опоравок, условите за мускулен раст се одлични.

Направени се повеќе испитувања и докажано е дека со внесување на 2 грама дневно од L-Glutamine амино киселината како суплемент, се покачува нивото на хормонот за раст (Growth Hormone) за 400%. Овој ендокрин хормон е од доста голема важност за покачување на мускулната маса и губење на масната маса. Но се почесто глутаминот се користи кај повозрасната група (30-50 год) како стимулатор на хормонот за раст, со цел да се подмладат истите. Исто така може да се употребува и кај децата кои имаат “благо“ намалено лачење на овој хормон. Но за да добиеме поголемо производство на хормонот за раст, заедно со глутаминот потребно е конзумирање на целиот ланец-пептид (низа) од амино киселини кои учествуваат во градбата (структурата) на истиот. Со ваквиот пристап на стимулирање на хормонот за раст можеме да добиеме доста солиден напредок во бодибилдингот и фитнесот, па и пошироко. Главната придобивка од покаченото ниво на хормон на раст е зголемување на чистата мускулната маса преку подобрена хиперплазија на мускулните влакна. Секако дополнително внесување на целиот ланец од амино киселини (пептидот на хормонот за раст) е многу скапо и воедно недостапно за секој човек. Но сепак може да се оптимизира внесот на одредени амино киселни кои се релативно подостапни и поефтини поединечно, со цел да добиеме што поголемо ниво на хормон на раст во крвта. Ваков зафат не се препорачува доколку лицето не е соодветно едуциран, дури и да се работи за искусен вежбач. Консултација со стручно лице е препорачлива, но само доколку корисникот ја превземе одговорноста за можните несакани ефекти кои би можеле да се појават!

Ова е само еден пример за придонесот на L-Glutamine во метаболичките реакции, каде во овој пример како метаболичка реакција е синтезата (создавањето) на хормонот за раст. Улогата на антикатаболик кај оваа метаболичка реакција ја добива индиректно преку стимулацијата на самиот хормонот за раст. Овој факт (пример) е и повеќе од доволен за да може со сигурност да се заклучи големата важност на глутаминот во човечкиот организам.

Share this Post!
About the Author : Igor Lapchev
0 Comment

Leave a Comment

Your email address will not be published.