Menu
БЦАА суплемент - Што е тоа и кои се неговите придобивки?

BCAA

Што е БЦАА?

БЦАА (BCAAs – Branched Chain Amino Acids) е разграден ланец од три амино киселините, и тоа: Леуцин (L-Leucin), Изолеуцин (L-Izoleucin) и Валин (L-Valin). Овие три амино киселини се есенцијални т.е. не може да се синтетизираат (создадат) во организмот, туку мора да се внесат преку храната. Исто така овие амино киселини се составен дел од протеинот, кои се во голем процент на застапеност (околу 35%).

БЦАА (BCAAs) се од голема важност бидејќи истите се неопходни за да се создаде еден протеин во телото. Имајќи предвид дека мускулните влакна (клетки) се составени во најголема мера од вода и протеини, може да се увиди важноста на БЦАА амино киселните за одржавање и раст на мускулот.

Зошто понекогаш нам ни е потребно дополнително внесувње на БЦАА како додаток во исхраната, односно суплемент?

При високо интензивните и долготрајните тренинзи со отпор каде нивото на стрес хормонот кортизол е на високо ниво, како одбрамбен механизам за да се справи со стресната ситуација овој хормон дава соодветни импулси во организмот да се одржава, па и по можност зголеми нормалната количината на гликоген (резервен шеќер) во мускулните и останатите клетки од организмот. Ваквата тенденција на одржавање и зголемување на гликоген се остварува со цел организмот да се одбрани соодветно од нанесениот стрес, да телото биде во можност да вежба (да се бори против отпорот) помоќно и подолготрајно. Но бидејќи механизмот на одбрана дејствува брзо, потребна е исто така и брза достава на шеќер која не може да се задоволи преку исхраната во тој момент. Затоа неопходно е создавање на глукоза во црниот дроб преку процес наречен глуконеогенеза, при кој се создава глукозата од амино киселини и глицерол. Амино киселините се добиваат со катаболизирање на мускулниот протеин, додека глицеролот со катаболизирање на мастите (триглицеридите). Како резлтат на овој одбрамбен механизам на организмот, настанува катаболизирање на мускулните влакна, односно губење на мускулната маса!

Токму тоа е и целта на БЦАА суплементот т.е. да ја спречи катаболизацијата на мускулот при високо интензивните тренинзи со отпор со задоволување на амино киселинскиот дел со што катаболизацијата на мускулните протеини ќе биде минимизирана. Затоа и БЦАА суплементот се нарекува антикатаболик тип на суплемент во бодибилдингот и фитнес.

Но зошто баш БЦАА амино киселините (леуцин, изолеуцин и валин) се потребни за спречување на катаболизацијата на мускулот?

При ситуации на високо интензивни тренинзи со отпор организмот почнува да ги разградува БЦАА амино киселините од мускулниот протеин меѓу првите амино киселини, бидејќи со нив најлесно се добива глукозата преку процесот на глуконеогенеза. Затоа поребно е внесување на BCAА како додаток во исхраната во ваквите ситуации, за да го подобри процесот на глуконеогенеза со што би се минимизирало губењето на мускулната маса, а со тоа би се олеснил растот на мускулот.

Дали БЦАА суплементот може да помогне за дефинирање на мускулатурата?

БЦАА суплементот е доста користен и популарен во бодибилдингот и фитнесот како суплемент за “дефинириње“. Тоа го остварува преку подобреното согорување на поткожни масти. Но ова важи само доколку корисникот на овој суплемент прави виско интензивни тренинзи со отпор. Особено најдобар ефект на чистење на мастите се јавува доколку корисникот е во фаза на калориски дефицит. Во тој случај организмот е принуден да троши од резервите, односно да ги користи поткожните масти како единствен извор за енергија. И без користење на БЦАА како додаток во исхраната во вакви ситуации ќе има согорување на масти, но тогаш мускулната маса ќе ви се намалува, односно ќе катаболизра за време на тренинзите.

Спортистите го нарекуваат суплемент за дефинириње токму заради неговите придобивки: спречување на катаболизирање (распаѓање) на мускулната маса  и подобрено согорување на поткожните масти при високо интензивни тренинзи со отпор. Овие три амино киселини: леуцин, изолеуцин и валин исто така се нарекуваат и чувари на мускулната маса, бидејќи ја чуваат мускулната маса во најтешките ситуации на физички напори. Со научни испитувања докажано е дека овие три  амино киселини заедно делуваат најдобро и тоа во стандарден однос од 2:1:1. Во денешно време се произведуваат различни форми на БЦАА суплементи (прашок, течност и таблети/капсули) со различен однос на овие три амино киселини, но за да одреден однос кој не е 2:1:1 функционира најоптимално за одредена личност потребно е големо стручно познавање.

Share this Post!
About the Author : Igor Lapchev
0 Comment

Leave a Comment

Your email address will not be published.