Menu
Бубрези – Што се тоа и која е нивната функција?

Бубрези – Што се тоа и која е нивната функција?

Бубрези се два парни органи, одговорни за одржување на постојана рамнотежна состојба во организмот т.н. состојба на хомоестаза, но исто така истите се одговорни и за отстранување (екскреција) на крајните непотребни продукти (екскрети) од метаболизмот. Што всушност значи тоа?

Крвта како флуид служи да ги транспортира потребните органски и неоргански материи (соединенија) до клетките, а да ги одведи од истите непотребните материи. Неорганските материи се внесуваат исклучиво преку исхраната и дишењето, додека органските соединенија се продуцираат (создаваат) во организмот и се внесуваат преку исхраната. Овие неоргански и органски соединенија, потребни за правилно функционирање на клетките, се нарекуваат хранливи материи.

Хранливи материи преку крвотокот се транспортираат до клетките, каде се користат во соодветните метаболички биохемиски процеси потребни за правилно функционирање на една клетка. При овие биохемиски процеси се добиваат и непотребни крајни продукти кои мораат да се отстранаат од крвта, а таа задача ја имаат бубрезите!

Другата поважна задача на бобрезите е да ја одржаваат  хомоестазата во организмот. Хомоестазата всушност претставува нормална состојба на крвта, односно нормална состојба на концентрација (количина) на сите органски и неоргански соединенија кои ја сочинуваат крвта. Бубрезите воглавно се одговорни да ја одржаваат хомоестазата на плазмата од крвта т.е. водата и електролитите од минералните соли како натриумот, калиумот, магнезиум,…

Контролата за тоа колку бубрезите да исфрлаат вода од крвта, а колку да задржат, ја врши антидиуретичкиот хормон (ADH) кој се продуцира во хипофизата. Регулацијата пак на натриумот (солта) ја врши алдостеронот (Aldosterone) кој се продуцира во адреналната (надбубрежната) жлезда. Овие два хормони се од доста големо значење за бодибилдингот и фитнесот, каде со соодветен режим на исхрана професионалците ги надитруваат овие хормони со цел да ја намалат поткожната вода, а да ја зголемат онаа во мускулните влакна (клетки). Со тоа се придонесува добро да се истакнат мускулните групи, со што се добива многупосакуваниот издефиниран – “суф“ изглед на мускулите. За едно вакво постигнување потребно е повеќегодишно искуство во бодибилдингот и фитнесот, како и добро стручно познавање. Во спротивно препорачливо е консултирање со веќе докажано стручно лице! Исто така постојат и одредени лекови/дроги со кои се ограничува дејството на антидиуретичкиот хормон и алдостеронот, се со цел да се намали количината на плазма во крвта, а со тоа и да се намали крвниот притисок. Овие лекови воглавно ги користат лица со постојан висок крвен притисок (хипертензија).

Бубрезите всушност претставуваат: “филтри на крвта“! Овие филтри вршат отстранување (екскреција) на непотребните (вишокот) органски и неоргански материи (екскрети) од крвта кои ја формираат урината – “мочта“. Понатаму урината се исфрла во надворешната средина преку мочниот канал.

Бубрезите се составени од милиони мали единици – филтри, наречени нефрони. Овие нефрони ја вршат екскрецијата на вишокот соедниненија во крвта – урината.

Може да се заклучи дека бубрегот е од доста голема важност за функционирање на човечкиот оганизам. Доколку и двата бубрези не функционираат, доаѓа до смрт. Луѓето со заболени бубрези кои не доволно им се филтрира крвта, се соочуваат со постојано зголемена количина на крв, при што како последица на тоа имаат постојан висок крвен притисок (хипертензија). Хипертензијата е само една од многуте несакани можни заболувања кои се јавуваат при недоволна филтрација на крвта.

Share this Post!
About the Author : Igor Lapchev
0 Comment

Leave a Comment

Your email address will not be published.